БРАЗИЛ, РУСИЈА, ИНДИЈА, КИНА И ЈУЖНА АФРИКА ДОГОВАРААТ НОВА ГЛОБАЛНА ВАЛУТА: Ќе имаат и алтернативен механизам за меѓународни плаќања
Објавено во: Свет 23 Јуни, 2022
Прашањето за создавање меѓународна резервна валута врз
основа на валутите на земјите-членки на БРИКС е во фаза на разгледување, изјави
рускиот претседател Владимир Путин во поздравното обраќање пред учесниците на
бизнис форумот БРИКС.
„Прашањето за создавање меѓународна резервна валута врз основа на валутите на нашите земји е во фаза на разгледување. Новата валута ќе биде базирана на ресурси како нафта, гас, но и злато, односно, она што овие земји го имаат како резерва “, рече рускиот лидер, објави Тасс.
Руските деловни кругови во координација со деловните партнери од БРИКС преземаат брзи чекори за развој на транспортната инфраструктура, прилагодување на логистичките рути и создавање нови производни синџири, истакна Путин.
-Освен тоа, едно од најважните прашања на кои работиме е создавање на валиден алтернативен механизам за меѓународни плаќања. Би сакал да истакнам дека руската стратегија не се менува: додека го зајакнуваме нашиот економски, технолошки и научен потенцијал, ние сме подготвени отворено да работиме со сите фер партнери на принципите на почитување на интересите на едни со други, безусловна надмоќ на меѓународното право и еднаквост на земјите и народите“, истакна Путин, пренесува The Economic Times.
ФОТО: EPA/ALEXEI NIKOLSKY/SPUTNIK /KREMLIN