БРЕГОТ НА ЈАПОНИЈА ПОГОДЕН ОД ЦУНАМИ, ВО ОПАСНОСТ И ХАВАИ И АЛЈАСКА: Ерупцијата на подводен вулкан направи хаос во Пацификот
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2022
Делови од Јапонија беа погодени од цунами предизвикано од
ерупција на подводен вулкан во близина на архипелагот Тонга, пишува Japan
Times. Според весникот, цунамито ги погодило бреговите на регионот Тохоку на
островот Хоншу до островот Окинава. Брановите достигнале висина и над три метри.
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување дека очекува бранови високи до 3 метри да ги погодат островите Амами и Токара. Предупредувања се издадени и за пристаништата Нагоја и Јокаичи во префектурата Мие, пренесува Sputnik International.
На цивилите кои живеат во споменатите области, како и на сите источни брегови на Јапонија, им беше препорачано да се држат подалеку од плажите заради нивна безбедност.
Ерупцијата на подморскиот вулкан предизвика евакуација во Кралството Тонга и издавање предупредувања до западните држави на САД. На западниот брег на земјата, како и на Алјаска и на Хаваите, им било кажано дека може да бидат погодени од бранови цунами со неодредена висина. Националната метеоролошка служба на САД побара од луѓето кои живеат во потенцијално опасни области да се држат настрана од плажите, брегот и пристаништата.