19 Април, 2024
0.1806

Брегу: Граѓаните од Западен Балкан треба да добијат дигитален идентитет

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателката на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу ги повика денеска владите на земјите од Западен Балкан да влезат во процес на создавање на дигитален идентитет на граѓаните, преку кој полесно ќе се поврзат граѓаните и бизнисите.

Обраќајќи се на завршниот висок дијалог на Дигиталниот самит на Западен Балкан што се одржа во Подгорица, Брегу ја понуди оваа идеја како можност за чекор поблиску до стандардите на ЕУ, бидејќи и во самата Европска унија (ЕУ) овој дигитален идентитет започна да се применува од пред неколку месеци, соопшти РСС

„Ја користам оваа прилика да им предложам на министрите одговорни за дигиталната агенда, да започнат многу тежок, но корисен процес за создавање дигитален идентитет, со цел да им се понуди на граѓаните и бизнисите од Западен Балкан да поседуваат „дигитални паричници“. Со тоа тие ќе можат да ги поврзат нивните национални дигитални идентитети со доказ за други лични атрибути, како возачка дозвола, дипломи, банкарска сметка, итн. ЕУ го започна овој процес пред неколку месеци. Податоците се моќ и некои земји ја користат дигитална инфраструктура за да ги зајакнат луѓето со податоци“, рече Брегу.

Таа додаде дека овозможувањето на граѓаните да имаат доверлив дигитален идентитет, е еден од начините да се трансформира статусот на граѓаните од неформалната во формална економија и дека РСС е подготвен да ја подржи секоја активност во оваа насока.

Со високиот панел на кој учествуваа еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, директорката за здравствени политики во регионата канцеларија на СЗО за Европа Наташа Азопарди Мускат, премиерот на Црна Гора Здравко Кривкапиќ и министерката за јавна управа, дигитално општество и медиуми на Црна Гора Тамара Срзентиќ, заврши 4-тиот Дигитален самит на Западен Балкан.

Првиот се одржа во Скопје, вториот во Тирана, а третиот во Белград, каде беше потпишана и спогодбата за укинување на роамингот на Западен Балкан кој стапи во сила на 1-ви јули 2021.

Сите самити ги организираа владите или надлежните министерства на земјите од Западен Балкан во соработка со РСС од Сараево, која како извршна организација на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, е надлежна и за организација и спроведување на проекти во рамките на Берлинскиот процес на ЕУ. 

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите