23 Април, 2024
0.0249

Брегу: Одложувањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија е ризик

Објавено во: Балкан 04 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Европската унија секогаш ќе биде недовршена работа без Западен Балкан, а цената на стагнацијата и натамошно одложување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија преставува ризик - изјави генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу.

Неотварањето преговори би донело нестабилност, емиграции, неконструктивно влијание на други геополитички актери, прецизираше Брегу на синоќешниот панел за Западен Балкан на Бледскиот стратешки форум. Таа додаде дека секој позитивен момент лесно може да се загуби доколку преку перспектива на членството се продолжи со одлагање на решавање на проблемите.

А никој не може да си го дозволи луксузот и натаму да губи време - луѓето го напуштаат регионот. Во изминатите 5 години една третина од населението на Западен Балкан си заминале. Тоа е вистинскиот проблем на регионот, а на нас е како тоа да го смениме и да ги трансформираме нашите општества. ЕУ треба да го препознае овој знак за тревога како шанса, бидејќи одржување на наративот за перспектива за членство не е едноставна задача, рече Брегу.

Генералната секретарка на РСС Потоа зборуваше за успесите постигнати преку регионалната соработка како што се договорите за намалување и укинување на роамингот и за признавање на одредени дипломи, но додаде дека Регионалниот економски простор е сепак ограничена рамка и дека треба да се зајакне со политички елемент.

На форумот за Западен Балкан со кој се затвори конференцијата во Блед учествуваа повеќе влијателни гости од ЕУ и САД и министри за надворешни работи од регионот, меѓу кои и македонскиот министер Никола Димитров. 


Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?