19 Април, 2024
0.0262

Брегу: Познавањето на „вистинските луѓе“ не води кон ЕУ

Објавено во: Мои пари 27 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Државите од Западен Балкан мора да се носат со проблемите на корупцијата институционално, но и како опшштество, граѓаните мора да го сменат однесувањето и да престанат да мислат дека е нормално да се даде подарок некому кој само ја извршува својата работа – изјави генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка(РСС) Мајлинда Брегу.

Во интервју што е денеска објавено во подгоричкиот весник „Вјести“, Брегу вели дека корупцијата била и се уште е голем проблем во западно балканските општества на патот кон ЕУ. Во 2015 година 15 отсто од грѓаните ја гледале како најголем проблем, додека во 2021, тој процент изнесува 26 отсто. „Тоа е огромен пораст кој е очигледно предизвикан од евидентниот пораст на видливо присутната корупција со која се соочуваат граѓаните“, вели Брегу.

„Мора да престане да биде прифатливо луѓето да бараат врски или да плаќаат поткуп кога нешто им треба. Ние како општество мора тоа да го осудиме. А посебно оние на високи позиции и на позиции на моќ. Во регионот тоа се вика „ги знам вистинските луѓе“, односно луѓе кои по примањето поткуп можат да завршат одредена работа.

Ова посебно се однесува на правдата и можноста да се потпрете на независно правосудство. Сега во 2021 година 54 отсто од луѓето на Западен Балкан, од кои 76 отсто сметаат дека правосудството е корумпирано, сметаат дека „познавањето на вистинските луѓе“ е пресудно за напредок во животот. Тоа е она што луѓето го гледаат и кон што тежнеат и ако не го најдат дома, подготвени се да го бараат на друго место. Да заминат во ЕУ поединечно“ - вели Брегу.

Што се однесува до прашањето кој е виновен што Албанија и Северна Македонија се уште не добиле конкретен датум за отпочнување преговори, Брегу смета дека „за кавга и за танго се потребни двајца“.

ЕУ и Западен Балкан се свесни дека се „предодредени едни за други“, бидејќи делат историја, култура, географија и демографија. Сепак, овие заднички обележја не се доволни, бидејќи тоа често се доведува под искушение од огромните предизвици кои се присутни на Западен Балкан, економски, безбедносни и демографски.

„Секако би било потребно мало прилагодување од двете страни за да може овој дует да се усогласи...Поттик би можел да се најде во ставовите на граѓаните од регионот: Според Балканскиот барометар, 24 отсто од нив веруваат дека пристапувањето во ЕУ ќе се случи до 2025 година, 40 отсто веруваат дека тоа ќе се случи до 2030 година, а 22 отсто сметаа дека тоа нема да случи никогаш. Меѓутоа, процесот на пристапување кон ЕУ никогаш не се сведувал на датуми, а од друга страна, тоа мора да се случи низ остварливи рокови во сите фази од процесот“, вели Брегу.

Без оглед на целиот процес, Брегу потсети на огромниот успех со укинувањето на роамингот за регионот и на огромните можности што се нудат со остварување на проектите за Заеднички економски пазар и другите интеграциски процеси меѓу државите од Западен Балкан.

Можеби ќе ве интересира

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер