14 Јуни, 2021
0.0199

Брегу: Заедничкиот регионален пазар е златно правило, а не природен закон

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2021

Заедничкиот регионален пазар (ЗРП) е златно правило, а не природен закон. Тоа не се однесува на секоја визија што владите или земјите во регионот ги имаат, ниту на сите добри или лоши билатерални односи – изјави генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, на денешниот состанок на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес.

Брегу потсети дека лидерите на земјите од Западен Балкан го подржале ЗРП како план на ширење и изградба на регионот и дека иако постојат јасни резултати, тимовите на РСС се уште имаат потешкотии за остварување на целите, особено оние поврзани со слободата на движење.

„Регионалната соработка не треба да биде важна само затоа што Берлин, Брисел, Вашингтон, Париз, Рим или Виена ја бараат, туку затоа што сите партнери го бараат тоа. Таа е најважна цел што ја одбрал регионот за да работи на процес кој носи корист на граѓаните, било во трговијата, решавање на тесните грла во превозот, ослободување на потенцијали за четири слободи, за зелена и дигитална транзиција. Што е уште поважно, иднината не е договарање на самитите, туку станува збор за луѓето: депопулација, образование, бизнис, технологија, работни места, дигитална сфера, поврзување, итн“, рече Брегу, потсетувајќи дека РСС активно работи на проекти, каков што е ослободување од роаминг на Западен Балкан, што ќе стапи  во сила за помалку од еден месец, на 1-ви јули.

Таа додаде дека „иако постојат некои јасни резултати и веќе се вложени значителни напори за воведување на ЗРП, пред нас се уште километри пат, посебно на важните договори за слобода на движење, кои што ќе ја овозможат внатрешната регионална мобилност и ќе ги поедностават административните процедури за слободата на движење врз основа на биометриските идентификациони документи, регионално признавање на високошколските квалификации на докторите на медицина, стоматолозите и архитектите, како и проширување на Зелените коридори 2.0“.

Домаќин на министерскиот состанок беше Хајко Мас, германски министер за надворешни работи, а на состанокот учествуваа министрите за надворешни работи на 6 земји од Западен Балкан и претставници на Европската Комисија, меѓу кои и  Оливер Вархеи, комесарот за проширување и добрососедство.

Можеби ќе ве интересира

Нептун подари 20 Fuego смарт телевизори за да се гледа Македонија на Европско

Нептун подари 20 Fuego смарт телевизори за да се гледа Македонија на Европско

Дрита Ислами, олимписка атлетичарка: „За 10 години ќе бидам пример за сите млади спортистки“

Дрита Ислами, олимписка атлетичарка: „За 10 години ќе бидам пример за сите млади спортистки“

Освежи го летото со Credissimo

Освежи го летото со Credissimo

Срушени државни рекорди на 10.000 метри на HalkEco Скопје Трча 10КМ

Срушени државни рекорди на 10.000 метри на HalkEco Скопје Трча 10КМ

Милион причини за гол на Македонија на Европското првенство - Mozzart за секој гол на Македонија донира милион денари!

Милион причини за гол на Македонија на Европското првенство - Mozzart за секој гол на Македонија донира милион денари!

Промовирана интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ

Промовирана интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ

Аудио опремата на „Теохаров“ е македонска гордост: А, најновите звучници, со потпис на легендата Влатко Стефановски и брендот

Аудио опремата на „Теохаров“ е македонска гордост: А, најновите звучници, со потпис на легендата Влатко Стефановски и брендот

Дали е тешко да се најде работа за време на Ковид пандемијата во ИТ индустријата?

Дали е тешко да се најде работа за време на Ковид пандемијата во ИТ индустријата?

СОС Детско село и Нептун навиваат заедно во недела

СОС Детско село и Нептун навиваат заедно во недела