БРЕГЗИТ САГА: На Џонсон му тече времето, ќе падне договор во последен момент?
Објавено во: Свет 15 Октомври, 2019
И понатаму е можен договор за Брегзит, дури и во последен миг.
Ова станува јасно од последните изјави на европските преговарачи а министерите на ЕУ денеска ќе бидат информирани за текот на разговорите за Брегзит кои се интензивираа во последните неколку дена после викендот.
Мишел Барние кој што е главен европски преговарач не негира дека има „голема разлика“ помеѓу Британија и ЕУ .
Финскиот премиер пак Анти Рине изјавил дека нема доволно време да се постигне договор. Лондон, од друга страна, бара да се постигне напредок, преговарачите да работат интензивно и дека е можно да се постигне договор во последен момент.
Се очекува преговорите да продолжат во среда, бидејќи како што тврдат извори о Даунинг стрит-потребно е целосно ажурирање на предлозите.
Сепак, оценките на БиБиСи се дека малку е веројатно дека новиот договор ќе биде договорен до четвртокот, кога во Брисел почнува клучен дводневен самит на лидерите на ЕУ.
Исто така постојат и шпекулации за можен нов самит за Брегзит кон крајот на месецот.
Борис Џонсон мора да добие нов договор до сабота ако сака да избегне одложување на Брегзит.
Во сабота ќе се одржи итна седница на британскиот парламент, прва во последните 37 години, на која пратениците ќе можат да го поддржат или отфрлат евентуалниот договор или Премиерот ќе мора да побара уште едно одложување на Брегзит. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ до 31 октомври.