28 Септември, 2024
0.0307

Breitling воведува двa возбудливи додатоци на својата линија Superocean

Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

За време на “Wheels and Waves” - фестивалот за сурфери и мотоциклисти во француското гратче Бијариц во Бискајскиот залив, производителот на луксузни часовници Breitling ги претстави своите новитети во колекцијата „Superocean“: шарените изданија со бројчаници во боите на виножитото и робусниот модел Superocean Automatic 46 Super Diver.

Бран на стил: Superocean со бројчаник во боите на виножитото и во тиркизно издание

Поврзаноста на Breitling со длабоката сина боја на морето добива шарен пресврт со лансирањето на Superocean Automatic 42 и 36 со бројчаник во боите на виножито, заедно со новото издание на најпродаваната верзија со тиркизен дисплеј од 44 мм.

Извршниот директор на Breitling, Џорџ Керн, ја доловува суштината на овие нови понуди: „Со летото пред вас, нашите нови шарени Superocean модели се ваши врвни придружници, без разлика дали сурфате по брановите или уживате во релаксирачка вечера покрај плажа“.

Овие часовници влечат инспирација од легендарниот SuperOcean Slow Motion од 1960-те и 1970-те, што го поедностави нуркачкиот часовник во неговите најсуштински елементи. Денешниот Superocean го задржува духот на оваа практичност додека повторно ја воведува стрелката за секунди и ги интегрира модерните карактеристики за современите корисници.

Колекцијата уште еднаш се издвојува по уникатните модели со бројчаник во боите на винижитото и стрелки обложени во светкави нијанси на Super-LumiNova® – жолта, зелена, сина, индиго, виолетова, црвена и портокалова – кои не само што додаваат шарена разиграност во текот на денот, туку и сјајност во ноќни услови на слаба осветленост.

Овие модели се достапни во четири верзии од не’рѓосувачки челик од 42 mm со гумено ременче во тиркизна, аквамарин, портокалова и жолта боја, како и софистицирана верзија од 36 mm во бела боја во комбинација со куќиште од не’рѓосувачки челик и 18-каратно црвено злато.

Моделот со тиркизен дисплеј од 44 mm ја проширува колоритната тема. Претходно достапен со црно ременче, тој сега може да биде комбиниран со тиркизно ременче од гума кое обезбедува впечатлив контраст со неговиот црн керамички-обложен прстен. Часовниците се наменети за акција и одмор, со спортски гумени ременчиња со спојки за микро-приспособување и полиран керамички прстен отпорен на гребење.

Нуркај подлабоко, нуркај побезбедно: Superocean Automatic 46 Super Diver

Најновата иновација на Breitling, моделот Superocean Automatic 46 Super Diver, е тука да ги редефинира вашите морски авантури. Дизајниран да ги издржи длабочините, овој моќен часовник има водоотпорност до 1000 метри и дисплеј во две варијанти – со дезен на камуфлажа во зелени или црни тонови.


Она што го издвојува овој нуркачки часовник е неговиот двонасочен ротирачки прстен со патентирана безбедносна кочница. Паметната карактеристика осигурува дека секое вртење е важно и останува цврсто во место, заштитено од ненамерни поместувања.

Додавајќи уште еден слој на јакост, Superocean Automatic 46 Super Diver вклучува внатрешно куќиште од меко железо специјално дизајнирано да го заштити часовникот од магнетна интреференција. Без разлика дали се работи за електронски гаџети или скриени струи, овој часовник постојано отчукува прецизно, не дозволувајќи ништо да го измести неговиот тек.

Изработен од лесен титаниум, Superocean Automatic 46 Super Diver е достапен со гумено ременче во бојата на дисплејот или со елегантна титаниумска нараквица.

Прослава на сурферската култура: The Breitling Book of Surfing

На фестивалот “Wheels and Waves”, Breitling го предизвика вниманието не само со дебито на своите нови модели од колекцијата Superocean, туку и со неодамна објавената книга „The Breitling Book of Surfing“. Откако го лансираше својот прв часовник за нуркање SuperOcean во 1957 година, Breitling негува посебна врска со сурферската заедница, врз основа на споделеното чувство за авантура и љубов кон морето.

Книгата во издание на Rizzoli навигира низ културите на сурфање на шест континенти – од ветровитите брегови на Ирска, до легендарните бранови на Хаваи. Книгата е напишана од искусниот Бен Монди и содржи предговор на фристајлерот Мајки Февруари и вовед од осумкратната светска шампионка Стефани Гилмор.

Сјајните страници на книгата го доловуваат духот на сурферските заедници ширум светот, раскажно преку искуствата на 16 сурф-амбасадори на Breitling.

Со своите живописни Superocean часовници и волшебната „Breitling Book of Surfing“, брендот ги поканува ентузијастите да ја искусат возбудата на морските бранови – директно во вода, или преку страниците што ја илустрираат духовната култура на сурфањето.

Официјални застапници за производите на Breitling во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.


Можеби ќе ве интересира

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата

ОКТА продолжува со реализација на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ за поголема безбедност во сообраќајот

ОКТА продолжува со реализација на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ за поголема безбедност во сообраќајот

AI Weekend во Ровињ ги собра претставниците на регионалната и светската tech сцена

AI Weekend во Ровињ ги собра претставниците на регионалната и светската tech сцена