24 Април, 2024
0.0268

Бренд си е бренд! Која премиум компанија лани направи прoфит од 13,2 милиони евра?

Објавено во: Економија 23 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Корона кризата кај големите светски корпорации доведе до рационализација на ресурсите и оптимизација на процесите. Добро организираните големи компании меѓу кои и Пивара Скопје, дел од корпорацијата „Кока Кола“, покажаа дека и во корона услови бизнисот се води успешно иако има намалување. Приходите од продажба лани беа 73,3 милиони евра, а добивката е 18 отсто од приходите , лани изнесува 13,2 милиони евра.

Пивара Скопје, поголемата од двете македонски пиварници, лани од продажба на своите пива и безалокохолни пијалоци оствари продажба во вкупна вредност од 73,3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци за финансиското работење на пиварницата која е дел од глобалната корпорација „Кока Кола“ веројатно најпрепознатливиот бренд на цел свет.

Според официјалните финансиски податоци од билансот на успех Пивара Скопје лани книжи пад на продажбата од 13,2 милиони евра во однос на 2019 година што е намалување од 15 отсто. Намалувањето на приходите е резултат на бројните ограничувања како на домашниот пазар така и во регионот, кои ги наметна здравствената пандемија предизвикана од корона вирусот.

Влијанието на пандемијата се одрази и на расходите т.е. трошоците на работењето на скопската компанија. Тие покажуваат намален интензитет и го следат намалувањето на приходите од продажба. Лани Пивара Скопје потрошила вкупно 40,55 милиони евра за своето производство. Тоа е за 6,8 милиони евра помалку од 2019 година односно трошоците бележат намалување од 14,4 отсто.

Намалување има и кај трошоците за маркетинг, продажба и административните расходи. Така, оваа компанија која на нашиот адвертајзинг и маркетинг пазар е еден од најголемите клиенти, лани за маркетинг и продажба вложила 9,2 милиони евра. Тоа е безмалку 30 отсто послабо односно конкретно 3 милиони евра помалку од 2019 година.

Корона кризата влијаела и оваа како и многу други успешни компании, да го стегне ременот и кај административните трошоци вклучително и платите. Така лани, вкупните административните трошоци (вклучително и трошоците за плати) се намалени за половина милион евра и изнесуваат 4,06 милиони евра.

Нето добивка 13,2 милиони евра. И тука короната земала данок така што профитот по оданочување лани е за 2,8 милиони евра помал во споредба со 2019 година.

Што покажува билансот на состојба?

Вредноста на недвижниот имот, опремата и постројките на Пивара Скопје книговодствено изнесува 50 милиони евра. Вредноста на тековните средства изнесува 11,9 милиони евра во што најголемо е учеството на побарувањата од купувачи кои изнесуваат 5,6 милиони евра и лани се во благо намалување во споредба со состојбата од крајот на 2019 година.
Акционерскиот капитал на Пивара Скопје вреди 33,9 милиони евра. Тековните обврски изнесуваат 17,5 милиони евра од кои 11 милиони евра се кон добавувачите

Лани Пивара Скопје на своите акционери им исплати дивиденда во износ од 12,9 милиони евра за добивката остварена во 2019 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи