Брентон Тарант не случајно два пати ја посетил Турција, имал план
Објавено во: Балкан 25 Март, 2019
Властите во Турција информираат дека е можно Брентон Тарант, напаѓачот од Нов Зеланд да дошол во земјата за да изврши терористичка или самоубиствена операција.
Тој ја посетил Турција двапати во 2016 година.
„Посетата на Турција од страна на осомничениот за терористичкиот напад врз две џамии во Нов Зеланд, била повеќе од туристичка“, кажа денеска турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул, јави агенцијата Анадолија.
Најмалку 50 муслимани се убиени на 15 март, кога Тарант пукаше во верници во џамии во Крајстчрч. Жртви беа и 4 деца.
Тој посетил повеќе земји на Балканот, ја истражувал историјата. Со нападот сакал да се одмазди за девојче кое исламист го прегази во Шведска.