Брентон Тарант пред да го изврши нападот објавил документ
Објавено во: Свет 21 Март, 2019
Австралиецот Брентон Тарант пред да го изврши нападот, објавил документ под наслов ,,Големата замена”.
Првата реченица во овој манифест гласи ,,Станува збор за стапката на натолитет.” Оваа реченица ја повторил три пати. Според Њујорк Тајмс истата реченица била слоган на американските ултрадесничари при нападот во Шарлотсвил во 2017 година.
Групата ,,Идентити Европа” е основана во март 2016 година. Главна идеја на овие десничари е теоријата на замена, со која се тврди дека белите жени не раѓаат доволно деца, па затоа другите раси ќе ја заменат белата раса.
Американските експерти за вакви групи предупредуваат дека тие многу бргу се шират меѓу младите од белата раса, а особено меѓу младите радикали.