28 Март, 2024
0.0258

Брисел го пали алармот, во Скопје доаѓа Хан

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Европската комисија е загрижена за последните случувања во земјава, а впечатокот на Брисел е дека Македонија влегува во нова сериозна политичка криза. Дипломатски извори за Фактор тврдат дека меѓународната заедница стравува од тоа како последните случувања во земјата ќе се одразат во општетсвото и каков е односот  меѓу власта и опозицијата кој може да кулминира особено по скандалот со СЈО и специјалната обвинителка Катица Јанева. Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан следната недела доаѓа од прва рака да се информира за случајот Рекет и бојкотот на опозицијата. 

Грижа дополнително предизвикува тоа што во јавноста повторно се пуштаат телефонски разговори кои незаконски се стекнати. ДУИ веќе побара од меѓународната заедница поддршка со цел да се сопре упадот на Ел Чека кој континуирано  објавува бомби  за ДУИ. Наши извори кои се вклучени во процесот велат дека меѓународната заедница е разочарана од последните случувања во земјава. Хан во Скопје ќе упати остри тонови до премиерот Заев и колицискиот партнер Ахмети. Брисел ќе инсистира целосно да се разреши скандалот со рекетирањето на бизнисмени и злоупотребата на телефонски разговори. Хан ќе има тет а тет средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Еврокомесарот ќе инсистира да обезбеди договор меѓу власта и опозицијата за клучните отворени прашања кои се дел од ЕУ реформите. 

Хан во Скопје го чека тензична атмосфера, но и исцрпувачки разговори со цел да ги убеди политичките лидери дека проширувачкиот процес е дел од агендата, ама дека има долг пат дотаму. 

Лидерската средба е откажана  откако лидерот на опозицијата најави дека нема намера да присуствуа, не се исклучува дека притисок ќе треба да напорави Хан. Дополнително отежнување на власта ќе биде да го одбрани поведението на земјава  во услови кога тврди дека е подготвена за старт на преговори. Од друга страна на маса пред еврокомесарот ќе биде ставен и предлогот за предвремени парламентарни избори, Мицкоски ќе се обиде да го испита расположението на Брисел дали ќе го поддржат во намерите да се формира техничка влада како решение кое треба  да стави крај на кризата.

Ѓ.Т.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија