„БРИТАНИЈА ЌЕ И ИСПЛАЌА НА МАКЕДОНИЈА 20 ИЛЈАДИ ФУНТИ ПО ДЕПОРТИРАН МИГРАНТ“: Филипче вели дека ова е недозволиво
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2025 12:20
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е владата на ВМРО-ДПМНЕ со нејзините тајни преговори, разговори и договори, истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека наместо конкретни и јасни одговори, власта ја нападна СДСМ со црна кампања.
„Кога првпат овие тајни преговори и разговори ги спомнавме, а тоа беше потврдено во пишувањата во странските медиуми, веднаш скокнаа против нас така наречените патриоти од ВМРО-ДПМНЕ. Почнаа со објави дека лажеме, па осмислија цела кампања против мене лично, против други актуелни и поранешни функционери на партијата. Кога тоа не им успеа во следниот период таа кампања само ја засилија“, рече Филипче.
На прес-конференцијата Филипче укажа дека скандалозно и недозволиво е тоа што македонските граѓани наместо од владата, информациите ги дознаа од британските медиуми кои излегоа со детални информации за тоа што е разговарано околу прашањето мигрантите од Британија.
„И од овие пишувања на британските медиуми дознаваме за разговорите кои што се воделе за мигрантите, дека треба да бидат интегрирани да бидат присутни на нашиот пазар на трудот, особено во градежништвото и тука да имаат трајни живеалишта. Дури има и детални информации дека Велика Британија ќе и исплаќа на Македонија 20.000 фунти по депортиран мигрант, согласно новиот договор за т.н. повратни центри. И сето ова замислете македонските граѓани го дознаваат од странски медиуми. Ова е апсолутно недозволиво, ова е скандал од невидени размери“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Родителите на загинатите деца од Кочани во Собранието, анкетната комисија започна со работа
Левица: Власта денес го полага испитот за доверба – нема простор за политички калкулации, присуство на седницата за Кочани е должност
„ЖЕЛЕЗНИ ОПИНЦИ ОБЛЕКОА ДА МИ ГО ЗАГОРЧАТ ЖИВОТОТ“: Михаилов обвинува дека трпи закани
МВР ЗАПЛЕНИ НАД 4300 ПАРЧИЊА ПИРОТЕХНИКА ВО ШТИП - сопственикот е уапсен
НЕ СЕ ПРОБЛЕМ МИГРАНТИТЕ, ТУКУ ОНА ОД ШТО БЕГААТ: Најчевска вели „не заборавајте и Македонците се емигранти во различни држави“
„ВЕРУВАМ ДЕКА ИМА ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА ПАДИНИТЕ НА ВОДНО“: Ангелов предупредува, состојбата да се сфати сериозно
За зима и за снег ќе си чекаме и понатаму, следува пролет во Македонија





