Британија од денеска без премиер
Објавено во: Свет 07 Јуни, 2019
Британија од денеска ќе биде без премиер се до назначување на новиот од страна на владеачката конзервативна партија на Ториевците. Тереза Меј денеска официјално ќе поднесе оставка од лидерската позиција и во Владата и во својата партија, по што се очекува да биде назначен нејзин заменик.
Раа ја најави оставката откко не успеа да постигне договор со Европската унија за напуштањето на Британија од конфедеративниот сојуз, а нејзините предлози неколку пати беа одбивани во парламентот.
Меј (62) беше именувана за премиерка на Велика Британија во јули 2016 година, веднаш по референдумот на кој Британците со 52 отсто од гласовите се изјаснија за напуштање на Европска Унија.
Меѓу 11 кандидати за премиерското место, за сега фаворит е Борис Џонсон, пратеник од Конзервативната партија, кој беше градоначалник на Лондон и шеф на дипломатијата.