Британија строго ќе ги казнува нападите со киселина
Објавено во: Свет 16 Јули, 2017
Британската министерка за внатрешни работи, Амбер Руд најави дека ќе се воведат построги казни за луѓето кои напаѓаат други лица со киселина.
Во Лондон пред неколку дена во рок од само 90 минути беа извршени пет напади со киселина. Руд вели дека „загрижувачко е зголемувањето на напади, во кои киселина и слични супстанции се користат како оружје“.
„Ќе спроведеме преглед на полицискиот и правниот одговор на законодавството, на пристапот на опасни производи и на помош на жртвите“- изјави таа.
Министерката додаде дека ќе се направи така што киселината и другите корозивни супстанции ќе бидат класифицирани како опасни оружја.
Во Лондон вчера се уапсени двајца тинејџери поради сомнение дека фрлиле киселина во лицето на неколку луѓе.