29 Март, 2024
0.0332

Британија во петок на полноќ истапува од ЕУ

Објавено во: Свет 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Велика Британија ќе стане првата земја што ја напушти Европската унија во петок по три и пол години макотрпен процес.Брегзит, процес што предизвика длабоки поделби во земјата, ќе настапи официјално во петок во 23 часот по локално време, или на полноќ по средноевропско.

Помеѓу Велика Британија и другите 27 земји, сè друго допрва треба да се договори. Усогласеното истапување е само почеток на преговорите за регулирање на идните односи. Ѕвоното на Бог Бен нема да го слави Брегзит, но ќе се вклучи часовник на Даунинг стрит кој ќе го одбројува времето до излегувањето од ЕУ. Жестокиот заговарач за Брегзит, премиерот Борис Џонсон, ќе се обрати пред нацијата истата вечер.

Тој сега се претставува себеси како обединувач за земјата, велејќи дека е време сите, без разлика дали гласале за Брегзит или не, заедно да се свртат кон иднината. Оваа задача нема да биде лесна за него, бидејќи парламентите на Шкотска, Велшка и Северна Ирска го отфрлија неговиот закон за Брегзит.

Сепак тој го направи она што не успеа неговата претходничка Тереза Меј и се согласи со Брисел за некои измени во договорот за Брегзит. Ја елиминираше опасноста од враќање на физичката граница во Ирска и, благодарение на огромното мнозинство постигнато на изборите во почетокот на декември, го направи тоа лесно преку парламентот. Законот беше потпишан од кралицата Елизабета Втора на 23 јануари, осум дена пред датумот на истапување.

За крај на 47-годишната врска меѓу Велика Британија и Унијата, останува само една друга формалност - договорот мора да го потврдат европратениците, кои ќе го сторат тоа во среда. Датумот на заминување, 31 јануари, всушност е претежно симболичен, бидејќи малку ќе се промени во реалноста.

Договорот предвидува преоден рок, до 31 декември, до кое време двете страни мора да се договорат за идните односи, особено трговијата. До тогаш, Велика Британија ќе ги применува европските правила, но нема да има право на глас.

„Мора да имаме предвид дека Брегзит не е готов. Всушност, Велика Британија влегува во многу подолга фаза на Брегзит“, вели Симон Ашервуд, политички аналитичар на Универзитетот во Сари.

Знак дека започнува нова ера е, сепак, назначувањето на амбасадорот на ЕУ во Велика Британија, Жоа Вале де Алмеида кој веќе ја вршеше таа функција во Соединетите држави. Тој ја презема работата на 1 февруари.

Борис Џонсон сака што поскоро да ги заврши преговорите за идните односи и цврсто го отфрла продолжувањето на периодот на транзиција. Тој неколку пати рече дека сака договор сличен на она што ЕУ го има со Канада.

Тој смета дека транзицискиот период е прилично краток и не го крева оптимизмот на Џонсон дека сè ќе биде договорено во рекордно време. Покрај трговијата, потребни се договори за многу клучни прашања како што се риболовот, споделувањето податоци и финансиските услуги за Велика Британија.

„За 11 месеци, ова е едноставно невозможно. Најдоброто што може да се направи до тогаш е само основен договор“, вели Фабијан Зулег, главен економист во Центарот за европска политика.

Во исто време, Лондон сака да преговара за свои договори за слободна трговија со други земји, особено со Соединетите држави. Сепак, преговорите може да бидат тешки бидејќи Лондон објави дека ќе го задржи дигиталниот данок и покрај незадоволството на САД. Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигнува во Лондон на 29 јануари за да се сретне со Џонсон, да ги потврди „специјалните односи“ и да разговара за тоа како да ги „продлабочи по Брегзит“.


Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?