БРИТАНСКАТА ВЛАДА СТАВИ ПЕЧАТ НА БРЕГЗИТ: Џонсон ќе го исполни ветувањето, излегуваат од ЕУ на овој датум
Објавено во: Свет 18 Август, 2019
Британска влада чиј шеф Борис Џонсон ќе отпатува оваа недела на состанокот со европските лидери, соопшти денес дека за 31 октомври наредила укинување на своевремениот британски закон за пристапување на Велика Британија во ЕУ.
Тоа е очекуван датум за Брегзит кој веќе двапати е одложен, и ден кој Џонсон го ветил како ден кога неговата земја ќе ја напушти ЕУ, успеал или не повторно да преговара за договорот кој го склопија претходната влада и останатите европски лидери.
-Ова е јасен сигнал за граѓаните на оваа земја: ќе ја напуштиме ЕУ како што е ветено на 31 октомври без разлика на околностите-рекол во изјава министерот Стив Барклеј, одговорен за Брегзит.
-Тоа е историски момент кога контролата над нашите закони ја преземаме од Брисел-додал тој.
Борис Џонсон сака да изврши притисок на ЕУ , се повеќе и непосредно мафтајќи со закана за заминување брз договор, да постигне нов договор за Брегзит , додека Брисел засега одбива повторно да отвори преговори.