25 Април, 2024
0.0271

БРИТАНСКИОТ СОВЕТ ПОЧНУВА СЕРИЈА НА ВЕБИНАРИ ЗА РОДИТЕЛИ И НАСТАВНИЦИ

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Како дел од програмата „Училишта на 21 век“, Британскиот совет започна серија на вебинари кои почнуваат во понеделник на 22 јуни и завршуваат во петок на 26 јуни. Целта на овие вебинари е еминентни професионалци од образование да ги споделат своите знаења и совети со родителите и со нивните колеги наставници, со цел да им помогнат на децата во подобрување на вештините како што се критичкото размислување, решавањето на проблеми и кодирањето.

Во текот на четирите сесии во живо, ќе се дискутира за различни теми - од тоа зошто е важно децата да размислуваат критички, да решаваат проблеми или да кодираат или како овие вештини можат да им помогнат во нивните односи во семејството и со пријателите и да ја зголемат социјалната интелигенција, до планирање на поинтерактивна и забавна настава за децата. Сите наши експерти имаат долгогодишно искуство во образованието и / или на проекти кои ги сменија македонските образовни политики.

Ако сте заинтересирани за овие вебинари, можете да најдете повеќе информации за темите, говорниците и начинот за пријавување на нашата веб-страница: https://bit.ly/2APMStE.Првиот вебинар е наменет за родители затоа што веруваме дека е исклучително важно тие да слушнат повеќе детали за самата програма, која веќе влегува во секое основно училиште. Ова исто така ќе им помогне да научат повеќе за тоа како програмата ќе придонесе за понатамошно подобрување на квалитетот на наставата во училиштата и квалитетот на знаењето на децата.

Во 2018 година успешно започна реализацијата на програмата „Училишта на 21 век“, како во македонските училиштата, така и во училиштата од регионот на Западен Балкан. Оваа програма е всушност најголемата образовна програма која се спроведува во овој регион во партнерство со релевантни образовни институции.


Можеби ќе ве интересира

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив