20 Април, 2024
0.0252

Британските власти покренаа тужба против поранешните сопственици на кавадаречки Фени

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Британската канцеларија за сериозни измами (СФО) покрена тужба против Ана Машкевич, ќерка на Александар Машкевич, еден од тројцата основачи на компанијата ЕНРЦ (ENRC), познати како казахстанско трио, сопственици на „Кунико рисорсис“ (Cunico Resources) кои до пред две години беа сопственици и на кавадаречки „Фени“, а денес ја тужат и Северна Македонија.

Според Фајненшл тајмс, во врска со тужбата во кратката изјава СФО објави дека 36-годишната Ана Машкевич, директор на лондонската ALM Services UK е обвинета во врска со долготрајната истрага за корупција. Во издаденото соопштение се наведува дека истрагата на СФО за ЕНРЦ е во тек и се фокусира на наводите за сериозни измами, мито и корупција во врска со стекнувањето и задржувањето на значителни средства.

Сандеј Тајмс пак објавува дека компанијата ЕНРЦ, во исто време покренала граѓанска тужба против СФО во Високиот суд тешка 70 милиони фунти обвинувајќи ја Агенцијата за грешки во постапката, вклучително и за начинот на постапување со доказите и добивање привилегирани информации, што се покажува како постојана пракса на казахстанското трио, односно секаде каде што се водат истраги и обвиненија против нив за злоупотреби и корупција, казахстанското трио покренува тужби против институциите или земјите каде што се водат овие случаи.

Постапката која ја покрена СФО инаку се однесува на активностите на ЕНРЦ од 2007 година кога таа котирала на Лондонската берза. Многу англиски пензиски фондови инвестирале во групацијата за на крај да изгубат многу пари. Британските медиуми во 2010 јавуваат дека ЕНРЦ била листирана на лондонската берза за метали, акциите биле продадени скапо, а по низа афери, цената на нејзините акции вртоглаво паднала и казахстанското трио евтино си ги купило назад. Од СФО истрага се води и за измама, мито и корупција за зделки во Африка и Казахстан. Британската служба утврдила дека казахстанското трио е познато по зделки со влади на неразвиени земји каде што корупцијата е на највисоко ниво.

Двете фирми на триото ЕНРЦ и ИМР се постојано присутни по судовите во Англија и Холандија со бројни обвиненија за измама, корупција и организиран криминал. Во 2013 година британската влада ги гони за корупција за случаи поврзани со нивни дејности во Африка и Казахстан, а овие случаи се уште се активни.

„ЕНРЦ“  беше обвинет и од канадската компанија „Фрст квантум минералс“ (First quantum minerals) за незаконско преземање на рудник во Конго. Британските медиуми во 2016 година известија дека Владата на Конго го одзела рудникот на канадската фирма, ја продала на фирма во сопственост на претседателот на Конго за 20 милиони американски долари, а потоа оваа фирма го продала рудникот на ЕНРЦ која е во сопственост на казахстанското трио за 175 милиони долари.

Казахстанското трио влезе во „Фени“ во 2004 година. До 2015 фирмите ИМР и БСГР партнерски управуваа со фабриката, но поради меѓусебни недоразбирања поведоа судски спор околу сопственоста и ИМР, сопственост на казахстанското трио стана доминантен сопственик на фабриката со обврска да уплати 60 милиони долари на сметката на „Фени“ и да инвестира во производниот процес. Вработените во фабриката тој период сведочеа дека планираните средства за инвестиции воопшто не се чепнати туку по истекот на гарантниот период, на крајот на 2016 година „Кунико“ си ги подигнале средствата од сметката и покрај огромните долгови, за неколку месеци подоцна, септември 2017 година да го прекинат производство, по што за комбинатот се отвори стечајна постапка. Вработените останаа на улица со неисплатени плати, а повеќе од 250 компании, мнозинството домашни, останаа со неплатени долгови кои изнесуваа речиси 70 милиони евра, а на банкарскиот сектор му се закануваше колапс, заради огромните долгови кон банките што Кунико ги остави зад себе.

Кратко по отворањето на претстечајната постапка за Фени, тогашниот директор Јусуф Миракхмедов, кој како и Ана Машкевич е во семејни релации со казахстанското трио, ја напушта државата, а за него се поднесени повеќе кривични пријави со кои се терети за злоупотреба и измама, а издадена е и меѓународна потерница. Од друга страна пак, слично како и во случајот на британската канцеларија за сериозни измами, „Кунико рисoрсис“ покрена тужба против Македонија пред арбитражниот суд во Вашингтон. Кое е обвинението за државата Владата не откри, но соопшти дека за одбраната ја ангажирале американската адвокатска канцеларија „White & Case“.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга