Бритиш Ервејз најверојатно ќе отпушти од работа 36.000 вработени
Објавено во: Свет 02 Април, 2020
Светскиот сервис
Би-Би-Си јавува дека британската авио-компанија „Бритиш Ервејз“ размислува
привремено да отпушти од работа 36.000 луѓе. Станува збор 80 отсто од
екипажите, персоналот, инженерите и службениците во централата на овој воздушен
превозник.
Како што пишува Би-Би-Си, компанијата добила и согласност од синдикатите за реализирање на една од најлошите мерки, но се уште се утврдуваат деталите во договорот меѓу авио-компанијата и синдикатите. Срепак, британскиот медиум, наведува дека не станува збор за трајно отпуштање на работниците, туку времено ќе биде прекинат нивниот работен однос, додека трае кризата со пандемијата.