Брнс го кажа своето мислење за идејата на ДУИ за премиер Албанец
Објавено во: Македонија 01 Август, 2020
За идејата на ДУИ за прв премиер Албанец, американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мари Брнс за весникот Коха изјави дека плуралистичкиот систем на Северна Македонија овозможува избор на премиер со гласови на мнозинство пратеници, без оглед на етничката припадност.
„Зависи од мнозинството во парламентот кој ќе го изгласа следната влада. Одредени квалификации на премиерот и неговата или нејзината способност да ја добие поддршката на мнозинството пратеници се, по природа на вашиот парламентарен систем, одлучувачки фактори тука, без оглед на етничката или политичката припадност”, рече амбасадорка.
Порача дека треба влада да се формира во предвидените рокови и да се продолжи борбата против здравствената криза со Ковид-19.