19 Април, 2024
0.0297

БРОЈОТ НА АДМИНИСТРАТИВЦИ ЌЕ СЕ НАМАЛУВА ЗА 20 ОТСТО - во програмата на Ковачевски има неколку начини како тоа ќе се постигне

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Ќе му успее ли на идниот премиер Димитар Ковачевски да ја реформира јавната администрација, она што не и појде од рака на ниту една Влада досега, колку и тоа да беше ставано во сите владини програми, и колку и закони да се донесоа токму со намера да се реализира оваа реформа.

Ковачевски во својата програма што ја достави до Собранието и која во сабота ќе ја брани пред народните избраници најавува бескомпромисни промени за смена на начинот на функционирање на јавната администрација, но и нејзино намалување за 20 проценти, пред се преку спојување на институциите што работат исто и имаат идентични задачи, пензионирање на 64 години, но и натаму за него се гледа дека е атрактивна идејата за префрлање на дел од административците во приватниот сектор. Таа најава постоеше уште на стартот на доаѓањето на оваа власт, со различни пакети преку кои би се извршило префрлањето, но ниту еден административец не почна да работи во некоја приватна компанија, туку сите си ја задржаа удобноста на столчињата во јавниот сектор.

„Ќе ја реорганизираме, ќе ја реконфигурираме и ќе воведеме дополнителни форми за поефикасно работење на државната и јавна администрација на сите нивоа“, се вели во програмата.

Во поопширниот дел кој се однесува на оваа реформа се нагласува дека со неа се сака да се постигне современа администрација и дигитализирани услуги, каде што граѓанинот ќе биде ставен на прво место. Се вели дека целта на Владата е да обезбеди професионална јавна администрација, поддржана од интензивна дигитализација, оптимална структура и иновативни процеси и техники.

„Владата смета дека јавната администрација мора да обезбедува дигитални услуги, како задолжителна опција. Администрацијата не смее да бара од граѓаните и деловната заедница никаква информација или податок, кој веќе е обезбеден, и мора да дизајнира јавни услуги кои по дефиниција се инклузивни и ги исполнуваат потребите на ранливите групи, како што се возрасните и луѓето со пречки“, се нагласува во програмата.

Ковачевски во својата програма ветува дека ќе продолжат и ќе се интензивираат стратешките и долгорочни процеси за намалување на обемот на администрацијата за 20 отсто, преку спојување на функции и надлежности на институциите, пензионирање на 64 години, пакети за трансфер во приватен сектор сл.

Новата власт вниманието ќе го насочи кон вработување на квалитетен кадар, но и како тој да се задржи во државната служба, а тоа ќе се направи преку награди и повисоки плати.

Ковачевски во програмата најавува дека ќе се утврдат современи критериуми за поставување, избор или именување на високи функционери, со цел воспоставување на изедначени услови за избрани и именувани лица. Ковачевски и новата Влада веруваат дека професионализацијата и деполитизацијата на јавната администрацијата мора да почне од врвот, па затоа се создава висока раководна служба.  

„Продолжува реорганизацијата на јавната управа преку елиминирање на преклопувањата на надлежностите меѓу институциите и воведување јасна хиерархиска подреденост согласно улогата на институцијата, како што се креатор на политики, спроведувач на политики, спроведувач на инспекциски надзор“, се нагласува во програмата.

Се најавува и јасно и значително дефинирање на надлежности на сите нивоа во администрацијата, што треба да ја намали неодржливата централизација во неа, која ги забавува сите процеси, но и создава атмосфера на неодговорност и навики сè „да се чека од горе“.  

Како една од мерките што се планираат е повисоки плати и награда за резултат. „До 30 отсто од вработените во институцијата ќе можат да добијат додатоци на плата доколку постигнат исклучителен резултат во остварување на целите, кои на почеток на година Владата ќе ги утврди како нивна задача“, се вели во програмата.

Инаку, треба да се напомене дека ваква мерка веќе донесе лани Владата, и таа е наведена во владина уредба, која веќе почна да се спроведува од оваа година.  

За администрацијата во програмата се најавува и индивидуална одговорност, но тимска оценка.

„Граѓаните и бизнисите не ги интересира колку институциите формално спровеле од своите стратешки и акциски планови, туку какви услуги нудат. Не им значи ниту колку е добар или успешен раководителот, туку како функционира неговиот тим. Затоа, ќе воведеме систем кој ги оценува институциите наспроти формално пополнување табели и спроведување на стратешките планови и оценка на тимовите односно одделенијата наспроти спроведувањето на акциските планови“, најавува мандатарот во програмата.  

Пандемијата предизвикана од вирусот ковид 19 дека електронската комуникација меѓу институциите е можна и многу ефикасна. Затоа, како што се вели во програмата, за две години целокупната комуникација помеѓу институциите и во рамки на секоја институција ќе се води електронски. Ќе се решат сите административни и правни резерви во врска со ова. Сите вработени во администрација ќе добијат јасни и обврзувачки инструкции во оваа смисла.

„Најприфатена за граѓаните се очекува да биде функционалноста на системот за е-услуги, преку која тие ќе можат да добијат отпечатен документ од електронската верзија, кој во десниот долен агол ќе има QR код. Со приложување на печатениот документ, до сите институции или сегде каде што има потреба, со QR читач ќе може да го симнат валидниот електронски документ, кој согласно закон претставува полноважен документ“, се вели меѓу другото во програмата на мандатарот Ковачевски.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне