Бројот на активни случаи денеска ќе надмине 6.000 граѓани, веднаш стапуваат на сила неколку рестриктивни мерки
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2020
Од денеска нема да работи ништо по 23 часот, освен оние што
вршат испорака, а ќе се ограничи и капацитетот на патници во возилата на
јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.
Владата ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, да работат во смени или онлајн од дома или пак, редуцирано со систем на ротации.
На вчерашната седница Владата ја прифати и препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината.
Мерките стапуваат на сила веднаш по објавување во Службен весник и за нив не се потребни законски измени.