19 Април, 2024
0.0412

Бројот на апликации во Huawei AppGallery речиси двојно зголемен за 1 година

Објавено во: Мои пари 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Точно една година откако Huawei ја објави својата продавница за апликации, AppGallery, од официјалната говорница на Mobile World Congress 2020, платформата пријави над 2,3 милиони регистрирани програмери, што е зголемување за 77 отсто, а 300.000 од нив се надвор од Кина.

Публиката на AppGallery ширум светот порасна на 530 милиони активни месечни корисници. Во Европа, платформата веќе има над 42 милиони корисници, што е раст од 61,5 проценти за оваа предизвикувачка година, во која компанијата на македонскиот пазар успешно ја претстави серијата P40 – P40 Pro, P40 Pro+, P40 lite и P40 lite E, ажурираната Y серија во најприфатливиот ценовен сегмент, флегшипот Mate 40 Pro и бестселерот P smart 2021, сите базирани целосно на Huawei AppGallery.

120.000 интегрирани апликации од HMS (Huawei Mobile Services) се веќе достапни во AppGallery, што е зголемување за 118 отсто во однос на минатата година.

Игрите се клучни во развојот на платформата и веќе се достапни 500 отсто повеќе игри од минатата година. Корисниците на Huawei се меѓу првите што стигнаа до “ново ниво”, бидејќи меѓу додатоците од минатата година се AFK Arena, Asphalt 9: Legends, Clash of Kings и други.

Коментирајќи ги бројките за раст на екосистемот на Huawei, Дерек Ју, потпретседател на Huawei за Централна и Источна Европа при Huawei Consumer Business Group, изјави: „Нашата стратегија со AppGallery е да ја прошириме корисничката база за да поставиме солидна основа за развој на екосистемот и бројките покажуваат дека пристапот функционира. Не само што испорачуваме нови, локални апликации, обезбедуваме на нашите партнери растечка публика, туку создаваме и единствена можност да успееме на пазарот на мобилни апликации.“

Брзиот раст на AppGallery е поттикнат од инвестициите на компанијата во развојот на екосистемот на Huawei Mobile Services (HMS). Во моментов, HMS има над 8.000 инженери за истражување и развој и брои повеќе од 600 во својот глобален тим за техничка поддршка.

„На крајот на 2019 година во 25 земји во светот бројот на корисници на AppGallery надмина 1 милион. Овој број сега се искачи на 42 и продолжуваме да гледаме силен раст во Европа, Латинска Америка, регионот Азија-Пацифик, Средниот исток и Африка.Не станува збор само за квантитет, туку и фактот дека бројот на апликации интегрирани со HMS Core е скоро двојно зголемен за една година, покажува дека повеќе програмери ги користат Huawei уредите за да стимулираат иновации и да обезбедат подобро и поуникатно потрошувачко искуство“, вели Жанг Же, директор на “Глобални партнерства и развој на бизнис за еко-развој” при Huawei Consumer Business Group.

Стратегијата „Global + Local“ на AppGallery – Помош за локалните програмери да допрат до глобална платформа

Huawei се фокусираше на работа со програмери и на локално и на глобално ниво за да им обезбеди на корисниците најсоодветни апликации. Зголемувањето на бројот на развивачи кои работат со платформата обезбедува поголем избор за корисниците ширум светот, како и побогати деловни можности за самите даватели на апликации.

Преку AppGallery, тие допираат до значителен дел од локалните корисници на паметни телефони и таблети, истовремено и до растечката глобална база на корисници на платформата. Минатата година, во AppGallery се придружија глобалните апликации како што се Moovit и Bolt од транспортната индустрија, Viber во комуникацискиот сектор и други популарни апликации како Booking.com и Tidal. Голем број македонски апликации се исто така достапни, како МојДДВ, Telekom MK, Mojot A1, MaxTV GO, AirCare – Air Quality App, NLB mKlik, M-banking на Стопанска Банка, Халкбанк мобилно банкарство, мБанка на Комерцијална банка, My Unibank на УНИБанка.

AppGallery им помогна на повеќе од 10.000 кинески апликации да влезат на странски пазар и да го диверзифицираат глобалното корисничко искуство. Популарните платформи кои допреа до публиката низ светот преку AppGallery се: Banggood, Pascal’s Wager, Rise of Kingdoms: Lost Crusade и Night of Full Moon.


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ