24 Април, 2024
0.0263

Бројот на работници во зоните лани останал стабилен

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Во наредниот период Македонија ќе настојува да ги задржи и зголеми странските инвестиции, со цел креирање на нови работни места. 

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во Топ тема на Телма вечерва изјави дека четири компании веќе најавиле проширување. Тој рече дека податоците за бројот на работници во зоните во 2020 година во однос на 2019 година покажале дека тој е стабилен, иако сме во време на пандемија. 

„Мерките произлегуваат од дијалози, посебно оние кои се однесуваат за странските инвестиции во државата“, рече Деспотовски.

Тој вели дека преку инвестициите не треба да креираме системска сиромаштија. Напротив, вели дека треба работниците да бидат задоволни од платите. Деспотовски рече дека условите за инвестирање во зоните се исти и за домашните и за странските компании. 

„Ни треба подобра технологија, не велам веднаш да имаме роботи“, вели изјави Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство вечерва во Топ тема на Телма. 

Мизо рече дека е многу лошо ако имаме компании кои се тука, а прават реинвестиции во соседството. 

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?