16 Април, 2024
0.0253

Брзи кредити ама, по однапред договорени правила: Сите податоци се на увид на клиентот

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Покриваат непредвидени потреби на граѓаните во време кога традиционалните финансиски институции ретко или воопшто не кредитираат ненаменски микро кредити. Се одобруваат лесно, најчесто без жиранти и без обезбедување и нотарски договори. Сепак, кредитирањето од страна на небанкарските финансиски друштва во земјава е законски регулиран процес и со постојана контрола од Министерството за финансии. Фактор во серија текстови ја анализира работата на финансиските друштва. Сите за кредитите кои ги даваат наплатуваат камати и дополнителни трошоци на кредитите, но имаат обврска исто како и банките да ја објавуваат стапката на вкупни трошоци за кредитот.

Од финансиските друштва велат дека многу е важно секој поединецда знае паметно да управува со своите средства, бидејќи подеднакво се ризични ситуациите и при недостиг на пари, но и позајмување во ситуација кога не постои финансиска одржливост за отплата на позајмените средства. Но, најважно од сѐ е брзата потреба од средства да не биде и брзо носење на одлуката, односно клиентот треба и мора внимателно да ги проучи сите информации релевантни за неговиот кредит наведени во општите услови, преддоговорните и  договорните информации и други документи кои на увид ги даваат овие друштва.

Месечни камати, трошоци за одобрување, трошок за обработка, надоместок за предвремена отплата – дел од надоместоците кои како трошок ги имаат банките, секако се наплатуваат и од страна на небанкарските финансиски друштва, секое со посебни одлуки, но во целосна синхронизација со методологијата за пресметување и примена на стапката на вкупни трошоци на Народна банка на Република Северна Македонија со која јасно е детерминирана пресметката на стапката на вкупни трошоци и кои трошоци мора да бидат претставени и вклучени во CBT.

Небанкарските финансиски друштва апелираат до граѓаните пред да ги земат парите, точно да знаат за што ќе ги трошат, односно парите навистина да се за обврската, никако за враќање стари долгови, како што веќе објавивме во претходната анализа.

Се тврди дека разумноста во одлуките на клиентите во пакет со регулираните дејност и одговорното кредитирање од страна на друштвата значи сигурност во сиот процес, од аплицирањето, преку обработката на податоци, па до одобрувањето и враќањето на кредитот.  

„Краткорочните кредити инаку, најчесто се користат за покривање неочекувани трошоци, здравствени, образовни, за поправки во домот. Иако услугата е лесна и поволна, треба да се користи одговорно и разумно. Пред подигање на краткорочен кредит, треба да се процени вистинската потреба за овие средства и можноста да се исплати на навреме. Истовремено, се препорачува секој кој одлучил да подигне краткорочен кредит, да се осигура дека му одговара поставената камата, дека внимателно ги проучил условите на договорот и дека води сметка за својот буџет за навреме да го исплати кредитот. Сите дополнителни трошоци што во никој случај не се поврзани со одобрување на кредитот, се транспарентно достапни за клиентите во секое време на сите канали за комуникација со клиентите – во филијалите на Тиго Фајнанс, на веб страницата www.tigo.mk, или во контакт центарот на 13 700“, велат од Тиго Фајнанс.

Одговорното кредитирање е нивен врвен приоритет, а врвен приоритет е и на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија, во која членуваат тие, заедно со уште 6 поголеми, технолошки понапредни небанкарски финансиски друштва. Целта на Асоцијацијата е обезбедување на долгорочна соработка и позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот. 

Членките на Асоцијацијата потпишале „Кодекс за добра пракса“ во кој има насоки за фер комерцијална пракса и критеируми за професионална внимателност, во согласност со фер пазарните практики, добрата волја и принципите за одговорно кредитирање кои се општо прифатени кај небанкарската кредитна индустрија.

Со ваквиот начин на работа, според утврдени правила, се очекува да се обезбеди поголема доверба и на корисниците, но и на надлежните институции и секако и на целокупната јавност во индустријата на финансиски друштва.


Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?