Брзите кредити привлечни за граѓаните: Секторот расте ама работи со загуба
Објавено во: Економија 16 Мај, 2019
Се поголем интерес кај граѓаните за брзи кредити. Процентот на кредитоспособното население во земјава кое било опслужено од овие финансиски друштва лани изнесува седум отсто додека сумата која најчесто се зајми изнесува просечно од 200 до 400 евра.
Ова станува јасно од податоците кои ги соопштија неколку такви друштва кои ставија потпис на Кодекс за добра пракса.
Филип Димитровски, кој е извршен директор на друштвото „Тиго“ вели дека секторот на небанкарски финаниски услуги се развива брзо во целиот свет но дека секторот кој има поголеми трошоци од банкарскиот сектор работи со загуби.
-Секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. Физичките лица се најчести корисници на брзите кредити и тие покриваат седум отсто од кредитоспособното население, односно тоа се група потрошувачи кои не се услужени во традиционалниот банкарски сектор-рече Димитровски.
Тој посочува дека друштвата имаат механизми за проверка на клиентите и дека во случај на не враќање на средствата може да ангажираат надворешна компанија и на крајот со извршител.