Бучковски: Овие интензивни преговори верувам дека ќе завршат со компромис
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2018
Среќен сум што токму Никола Димитров е назначен за преговарач за името, изјави во емисијата 24 Отворено, поранешниот премиер Владо Бучковски.
„Овие интензивни преговори верувам дека ќе завршат со компромис. Овој предлог подава рака и на опозицијата. Толкувањето на ерга омнес кулминира со ова значење и додека бев член на владата никогаш не беше толкувано ваквото значење за ерга омнес. Сега имаме креативно решение“- вели тој.
За разлика од изминатите години, 2004-2005, сега имаме решителност за ова прашање, смета Бучковски.