23 Април, 2024
0.0275

БУЏЕТ 2020: „Рамковните“ вработени и идната година ќе седат дома, а ќе земаат плата

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

И идната година голем број од таканаречените рамковни вработени ќе седат дома, а ќе земаат плата. Така барем може да се заклучи од предложениот буџет. Во него е предвидено дека во 2020 година во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе бидат вработени 1.517 лица, што е само за двајца помалку од бројот на вработени во тоа министерство, 1.519, колку што се наведени во ребалансот на буџетот за оваа година.

А ако се погледне првичниот буџет за годинава, ќе се види дека бројот на вработени тогаш бил поголем и изнесувал 1.699 лица.

Новото Министерство за политички систем е практично замена за досегашниот Секретаријат за рамковен договор, на чие чело стоеше Хазби Лика. Тој згасна, а неговата опрема и документацијата ги презеде Министерството за политички систем, заедно со големиот број рамковни вработени, кои веќе цела деценија не одат на работа, но на нивните трансакциски сметки легнува плата од буџетот на државата. Министер за политички систем, но и вицепремиер, во моментов е Садула Дураки, кој на таа позиција дојде од Министерството за животна средина.

Зошто за идната година е предвиден речиси идентичен број вработени во Министерството за политички систем со оној во ребалансираниот буџет, нели рамковните вработени требаше конечно да добијат вистински работни задачи?

Од Владата објаснуваат дека од првата фаза, со која 958 рамковни вработени требаше да се префрлат во други буџетски институции, 90 отсто или над 800, го прифатиле распоредувањето. Од нив, пак, околу 200 веќе ја потпишале спогодбата за префрлање и за нив постапката е финализирана, а многумина веќе и одат на новите работни места. Оттаму е и разликата од околу 200 лица меѓу стартниот буџет за годинава, со онаа од ребалансот и буџетот за идната година. 

„За остатокот од околу 600 лица процедурите се уште течат, бидејќи е неопходно да се измени систематизацијата во соодветните институции, а треба да се добијат и согласности од Министерствата за информатичко општетсво и за финансии. Од тие причини, и во буџетот за идната година мора да се предвидат плати за тие лица, а потоа, како што ќе завршуваат постапките за нив и тие ќе се префрлаат во новите институции, така ќе се префрлаат и нивните плати. Значи, истата плата што сега се дава преку Министерството за политички систем, ќе продолжи да се дава од соодветната установа каде што тоа лице ќе почне да работи“, објаснуваат од Владата.

Но, ова се однесува само за првата фаза од 958 лица. Треба да се има предвид дека воопшто не е ни почната втората фаза, која брои околу 600 граѓани, кои исто така и понатаму ќе продолжат да примаат плата од буџетот, а не се знае кога би почнале со работа. Од Владата велат дека Министерството за политички систем постојано истражува на кои установи им требаат работници, за таму на овие луѓе да им се предложи да ги заработуваат парите што како плата ги земаат од буџетот.

Околу 40 лица, пак, се регуларно вработени во Министерството, а поранешен Секретеријат, каде се ангажирани на исполнување на преостанатите обврски од Рамковниот договор.

Инаку, буџетот на Министерството за идната година тежи 9,48 милиони евра, што е за 333 илјади евра повеќе од оној што го имало со ребалансираниот буџет за оваа година.

А во септември годинава вицепремиерот и министер за политички систем, Садула Дураки, во интервју за ТВ 21 изјави дека на овие вработени платата им стигнува, а можеби ќе им стигне и пензионирањето, а ниту еднаш не си го виделе своето работно место.

Од вкупно околу 1.700 рамковни вработени, две третини имаат високо, а останатите се со средно образование. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...