01 Септември, 2024
0.0230

Буџетските приходи би се оствариле само ако порастот на цените не стивне

Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Проектираната стапка на раст на БДП е оптимистичка и со значајни изгледи да биде пониска, а стапка на инфлацијата е под голема неизвесност и може да забалежи значајни отстапувања во двете насоки (пониска или повисока). Буџетските приходи, и особено даночните приходи, се проектирани на високо ниво, и тие би се оствариле само доколку порастот на цените не стивне, што би било неповолен исход за животниот стандард на граѓаните. Ова го истакнуваат аналитичарите на „Фајнанс тинк“ во нивниот коментар за Предлог Буџетот за 2023 година.

-Предлог Буџетот не дава јасна слика за финалните контури на предложената даночна реформа, и претставува сериозно потфрлање во делот на фискалната транспарентност. Предвидува пораст на буџетските расходи за 12,6 отсто, што е неразумно високо, ако се има предвид ризикот од остварување на приходите и намерата за фискална консолидација. Сепак, намерата за фискална консолидација е појасно видлива во сегментите на плати за јавната администрација и расходите  за стоки и услуги, кои се проектирани со раст од 7,9 отсто и 5 проценти, соодветно, понизок од растот на вкупните расходи, но сепак се` уште значајно висок. Последново е особено важно поради нагласениот ризик буџетските трошења да влијаат проинфлаторно во услови на се` уште висок раст на цените генериран од надворешни фактори – се истакнува во нивниот коментар.

Според аналитичарите на Институот за економски истражувања и политики загрижува предвидениот раст на ставката други трансфери, од 11,5 отсто, имајќи предвид дека освен трансферите до единиците на локалната самоуправа, оваа ставка вклучува субвенции и други трансфери чија целисходност, ефикасност и ефективност останува „црна кутија“.

-  И покрај апелите на домашната и меѓународната експертска јавност за рационализација на овие трошења и нивно врзување со конкретни исходи/резултати, поголем исчекор се` уште не е направен и оваа ставка содржи доминантен елемент на непродуктивен и несуштински расход. Во услови на заострување на условите на финансиските пазари, и на домашиот и на меѓународниот, расходите за каматни плаќања се проектирани со раст од 26,4 проценти, и притисок којшто ќе се зголемува – се додава во нивниот коментар.


Укажуваат дека високи капитални инвестиции  е очекуван потег и шема на дизајнирање на Буџетот, но според нив ќе се реализираат околу половина, односно 400 милиони евра. Finance Think проценува дека буџетскиот дефицит или ќе биде надминат, или во текот на 2023 ќе се изврши значајно кратење на капиталните расходи. 

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА КОИ САКААТ ДА ГИ ПРОДАДАТ АКЦИИТЕ - писмената изјава за прифаќање може да се потпише во просториите на Комерцијална банка

ВАЖНО ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА КОИ САКААТ ДА ГИ ПРОДАДАТ АКЦИИТЕ - писмената изјава за прифаќање може да се потпише во просториите на Комерцијална банка

ТРИЦИФРЕН РАСТ НА ПРИХОДИТЕ - еве каква е заработката на „Nvidia“, сепак акциите паѓаат

ТРИЦИФРЕН РАСТ НА ПРИХОДИТЕ - еве каква е заработката на „Nvidia“, сепак акциите паѓаат

Колкава дивиденда ќе дели Комерцијална банка? Хари Костов најави рекордно успешна година!!!

Колкава дивиденда ќе дели Комерцијална банка? Хари Костов најави рекордно успешна година!!!

ВАЖНО ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - треба да се изјаснат до 22 септември, нема да имаат никакви трошоци за прифаќање на понудата

ВАЖНО ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - треба да се изјаснат до 22 септември, нема да имаат никакви трошоци за прифаќање на понудата

КОЈ ДОБИ ПАРИ НА СВОИТЕ КОНТА ОД ПОВРАТОТ НА ДДВ - УЈП ја почна исплатата, некои граѓани уште ги чекаат парите

КОЈ ДОБИ ПАРИ НА СВОИТЕ КОНТА ОД ПОВРАТОТ НА ДДВ - УЈП ја почна исплатата, некои граѓани уште ги чекаат парите

КОИ СЕ АКЦИОНЕРИТЕ И КОЈ КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ЗЕМЕ ОД ПРОДАЖБАТА НА АКЦИИТЕ ВО СТОПАНСКА БИТОЛА - ова се деталите

КОИ СЕ АКЦИОНЕРИТЕ И КОЈ КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ЗЕМЕ ОД ПРОДАЖБАТА НА АКЦИИТЕ ВО СТОПАНСКА БИТОЛА - ова се деталите

Напливот на биткоин создаде дури 84.000 нови крипто милионери: Еве кои се тие

Напливот на биткоин создаде дури 84.000 нови крипто милионери: Еве кои се тие

Заштедите на идните пензионери достигнаа 2,5 милијарди евра! Каде се чуваат нивните пари?

Заштедите на идните пензионери достигнаа 2,5 милијарди евра! Каде се чуваат нивните пари?

ЌЕ МОЖЕ ЛИ АМЕРИКА ДА ПОЗАЈМУВА КАКО ДОСЕГА? Конкурентските државни обврзници се сметаат за побезбедни околку на САД

ЌЕ МОЖЕ ЛИ АМЕРИКА ДА ПОЗАЈМУВА КАКО ДОСЕГА? Конкурентските државни обврзници се сметаат за побезбедни околку на САД