БУГАРИЈА БЛОКИРАНА: Која е причината?
Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2018
Бугарија денеска е блокирана.
Демонстрантите марширајќи низ Софија извикуваа „мафија“ и „ѓубриња“. На улиците имаше над 2.000 луѓе.
Клучни сообраќајници и патишта во земјава денеска беа блокирани поради зголемувањето на цените на горивата, данокот на постарите автомобили и поскапувањето на премиите за осигурување на автомобилите.
Паралелно протести се случуваа во уште 20 градови во земјата, а блокиран беше и патот кон Грција.
Некои бараа и оставка од коалициската Влада на десниот центар на премиерот Бојко Борисов.