БУГАРИЈА ГО ПОЗДРАВИ ДОГОВОРОТ НА СКОПЈЕ И АТИНА: Шанса за напредок кон ЕУ!
Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2018
МНР на Бугарија соопшти дека го поддржува договорот на Скопје и Атина за името на Македонија.
„Договорот го отвора патот кон европските и евроатлантски интеграции на нашите соседи. Ова е вистинска шанса државата да напредува и да започне преговори за пристапување на ЕУ до крајот на претседателството на Бугарија со ЕУ“, соопшти бугарското МНР.
Од таму додаваат и дека новото име не би требало да биде разгледано како причина за менување на границите, јазикот, културата , историјата и идентитетот.
„Бугарија ќе инсистира двете соседки, партнерски и пријателски земји да продолжат да пружаат гаранција дека овие принципи ќе бидат почитувани и потврдени согласно со договорите меѓу нив“, се наведува во соопштението.