26 Април, 2024
0.0267

Бугарија: Грижата за децата не е трошок, туку инвестиција!

Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Грижата за децата не е трошок, туку инвестиција во иднината. Овој коментар го даде европскиот комесар за правда, Вивиен Рединг при поднесување на извештајот за спроведувањето на целите договорени на самитот на лидерите на ЕУ во Барселона во 2002 година. Уште тогаш европските лидери одлучија дека еден од начините да се стимулира вработувањето, но особено враќањето на мајките на нивните работни места е да се подобри грижата за децата од страна на државните институции. Целите од Барселона беа 1/3 од децата до 3-годишна возраст да можат да посетуваат детска градинка. За 90% од децата од 3 години па се додека тргнат на училиште, треба да биде обезбедено место во градинка. Бугарите се далеку зад Европа Што покажуваат податоците на Бугарија во однос на овие цели? Во 2011 година под 10% од децата се во јасли, односно во установа за деца под 3 годишна возраст. Под 60% од децата до 7 години пак во одат  во градинка. За споредба, во ЕУ околу 30% од децата до 3 години се опфатени со системот. Истото се однесува и на 85% од децата до предучилишна возраст. За максимално исполнување на поставените цели се изјаснила Данска, каде што речиси 80% од децата до 3 години одат на градинка, а во Белгија скоро сите деца меѓу 3 години, па се додека тргнат на  училиште посетуваат детска градинка или подоцна забавиште. Според истражувањето на Европската комисија за Бугарија, за 30% од случаите, во кои жените со деца во Бугарија не работат, нема недостатокот можност нивните деца да бидат примени во градинка, додека за 35% од семејствата со мали деца,  трошоци се премногу високи. Дури 13% од жените не тргнуваат на работа поради слабиот квалитет на грижата која ја нудат државните институции. Податоците едвај изненадуваат некого,  во Софија нема место за во градинка, иако сакаат, за скоро 13 илјади деца. Недостигот на места во јасли и градинки има и во повеќе големи градови - Бургас, Варна, Пловдив, Плевен. Надоместоците за приватните градинки пак варираат помеѓу 400 и 600 лева месечно. Според податоците за приходите на Бугарите, во многу случаи се покажува дека еден од родителите работи само за надоместокот на приватната градинка на своето дете. Сликата се влошува во случаите кога семејството има повеќе од едно дете. Според приоритетите на кабинетот "Борисов", решението на проблемот се нови градинки. Во новиот план насловен "Орешарски" треба да се  вложуваат повеќе средства за зголемувањето на детскиот додаток, зголемувањето на надоместокот за одгледување на деца меѓу 1 и 2-годишна возраст, како и креирање на стимулации за одгледување на деца со посебни потреби во семејна средина. Во овој дух беше донесен и еден од првите закони во новиот парламент - за зголемување на надоместоците за одгледување на дете - до 310 лева(околу 150 евра) месечно. Детскиот додаток, пак е во износ од 35 лева месечно, износите кои се далеку од  доволни. Неодамна уште еден закон стигна во софиското 42-ро собрание,  на сега веќе поранешниот општински советник од Георги Кадиев и група пратеници од „Коалицијата за Бугарија". Новите измени предвидуваат родителите на децата кои останале надвор од градинките да добиваат месечни надоместоци, зависно од општината. За Софија износот е 120 денари, објасни неодамна самиот Кадиев. На тој начин останува ќе се стимулираат мајките да се вратат повторно на работа и да земаат додатна сума пари од државата со која делумно би ги подмириле трошоците за приватна градинка. Бугарските аналитичари предупредуваат, главната причина за недостатокот на доволно места во градинките денес е недостигот на долгорочно планирање, видливо преку сите активности на владејачките сртуктури во последните децении.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци