Бугарија ќе поддржи нови санкции кон Русија
Објавено во: Балкан 23 Септември, 2022
„Бугарија ќе ги поддржи новите санкции на ЕУ кон Русија доколку бидат одобрени. Нашата земја ќе ја следи единствената европска позиција и во овој случај ќе бидат поддржани новите санкции“.
Ова го изјави вршителот на должноста министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов, цитиран од bTV.
Засега нема докази дека бугарски државјани со руски пасоши се мобилизирани за војната во Украина. Во однос на Советодавниот совет за национална безбедност, Стојанов изјави дека тој може да се свика кога Националното собрание заседава или на барање на Советот на министри.
„Мобилизацијата не се случува од денес за утре - тоа е долг и континуиран процес. Не е само да се облече цивил и да се даде оружје, има подготовка за формации и дури тогаш тој ќе биде на бојното поле“, додаде Стојанов. .