Бугарија најде пари за железничко поврзување со Македонија
Објавено во: Економија 19 Март, 2019
Бугарскиот министер за транспорт Росен Жељазков истакна дека се одобрени 4 милијарди лева за неколку железнички проекти, меѓу кои и тој за поврзување со Македонија на коридорот 8.
Ова министерот го соопшти по средбата со Германско-бугарската индустриско-трговска комора и со Австриското трговско преставништво.
Жељасков посочи дека проектите интензивно ќе привршуваат во 2021 година.
Иако и Македонија и Бугарија работат на железничко поврзување, се уште не се знае кога точно со воз ќе се патува од Скопје до Софија.
Од двете страни велат дека се работи на проектирањето на трасата.