„БУГАРИЈА НЕ ПОСТАВУВА БЛОКАДИ, ТРИ ГОДИНИ ЧЕКАМЕ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ“: Радев порача од Тирана

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2025 22:11
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила вето на европскиот пат на Северна Македонија, јавува БГНЕС.
На заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај, која се одржа по Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Радев изјави:
– Постои Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и два протоколи. Постои Преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус од сите земји членки и од Владата на Северна Македонија, така што Бугарија никогаш не поставувала, ниту ќе поставува услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и од двата протокола.
Радев нагласи дека Бугарија не поставува блокади, туку се повикува на спроведување на веќе постигнатите договори.
– Она што сакаме да го видиме е реално почитување на човековите права. Говориме за човекови права, чекаме веќе три години да започне процесот на пристапување и отворање на преговорите со Северна Македонија, вклучително и со уставните измени – додаде бугарскиот претседател.
Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека Скопје не добива доволна поддршка од соседите на патот кон евроинтеграцијата. На ова Радев ѝ одговори дека „не станува збор за нерешени билатерални односи, не станува збор за вето или за стопирање на процесот од страна на некоја соседна држава.“
– Во европскиот консензус од 2022 година јасно се наведува дека станува збор за внатрешни предизвици поврзани со човековите права и владеењето на правото, и затоа уште еднаш сакам да ве уверам дека Бугарија, како најблиска и пријателска земја, подава рака за да помогне, за вашето државно раководство и општеството многу побрзо да се справат со предизвиците и да ги исполнат Копенхашките критериуми за членство – порача Радев.
фото: МИАМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Првата антикорупционерка Татјана Димитровска оддавала службени тајни, a испитите за безбедносниот сертификат ѝ ги полагал колега

ВМРО-ДПМНЕ: Се потврди фактот дека СДСМ и Филипче немаат кандидат за Скопје

Помеѓу два пожари, животот тече: Стојанче Ангелов го слави роденденот на сопругата

БУГАРСКИ МЕДИУМ ТВРДИ ДЕКА МИЦКОСКИ АПЛИЦИРАЛ ЗА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО: За ВМРО-ДПМНЕ ова е пропаганда

OJО: Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Зоолошка градина Скопје: Недоразбирање меѓу нашите шимпанза резултираше со тоа што Коко си ја повреди ногата

ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА: Констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење

Коњановски: Човек сум и јас можам да погрешам, а за сообраќајниот прекршок си платив
