БУГАРИЈА ОДЛУЧИ ДА КУПИ АМЕРИКАНСКИ АВИОНИ: Модел Ф-16
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2019
Владата на соседна Бугарија одлучи да купи осум нови авиони Ф-16„блок 70“. Набавката на леталата е предвидено да се земат од Соединетите Американски држави. А според медиумите од регионот оваа набавка на оружје би била највредната во последните 30 години во земјата.Одлуката треба да ја одобри парламентот, но се очекува без никаков проблем таа да помине во парламентарниот дом, затоа што владејачката коалиција го има потребното мнозинство.
Купувањето е планирано да се изврши преку четири тендери, ќе се набави авиони, оружје, додатна опрема и системи.
Договорот е 1,25 милијарди долари, истакна Атанас Запрјанов, заменик министер за одбрана на Бугарија. Сума со која ќе се набави комплетната опрема, леталата и обуката на пилотите.
Авионите според Запрјанов до 2023 година треба да бидат веќе испорачани во Бугарија