Бугарин се обесил во училиште во Италија, го нашле додека имало гласање за избори
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2022
Млад Бугарин се обесил за време на гласање на избирачко место во градот Мондрагоне, регионот Кампанија, објавија локалните италијански медиуми. Според изданието „Казертањуз“, тоа се случило за време на гласањето на улицата „Комо“ во јужниот град со 29 илјади жители, каде што живеат многу Бугари.
Избирачкото место се наоѓало во училиштето „Винчи-Буонароти“. Бугаринот во неделата во 13 часот се обесил во барака во рамки на училиштето. Неговото тело потоа испаднало во делот каде гласачите го давале својот глас, што предизвикало шок кај нив и кај членовите на изборната комисија. Веднаш потоа била повикана „Брза помош“, која успеала само да ја констатира смртта на момчето.
„Денеска е тажен ден за нашата заедница поради смртта на младиот Бугарин во дворот на средното училиште Буонароти“, коментира на Фејсбук градоначалникот Франческо Лаванга. „Изразувам солидарност со роднините на жртвата. Никогаш нема вистински зборови за смртта, потребно е само да се молчи“, напиша градоначалникот.