16 Април, 2024
0.0277

Бугарите и Романците – нови робови во Германија

Објавено во: Свет 30 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Принудна работа по повеќе од 12 часа на ден , неосигурени , уценувани , експлоатирани и заплашувани : работниците - наемниците од Романија и Бугарија работеле во нехумани услови . Тоа го констатира проверката на една комисија во Германија . За овие " нови робови " во Германија се пишува сé почесто . Дури централниот спор во коалициските преговори меѓу социјалдемократи и христијанско- демократи за минималниот час беше во директна врска со нив . Наемниците доаѓаат главно од Романија и Бугарија , работат во страшно лоши услови , не се обезбедени , добиваат малку пари , изложени се на притисоци и закани . Неодамна двајца Романци , работеле како наемници во бродоградилиштето " Мајер Верфт " во Папенбург , изгореа живи во масовно засолниште каде живееле во понижувачки услови . По оваа трагедија специјална комисија назначена од фирмата , индустрискиот синдикат " ИГ метал" и Министерството за економија во провинцијата Долна Саксонија , направи проверка во 21 претпријатија во кои се ангажирале особено многу наемниците од Источна Европа . Извештајот на комисијата открива груби прекршувања на правилата . Во голем дел од фирмите работните услови и засолништата на наемниците се под стандардите . Овие луѓе често се принудени да работат повеќе од 10 , во некои случаи и над 12 часа на ден , како рекорден работен ден , констатиран од комисијата , продолжил ... 23 часа и 55 минути . Наемниците понекогаш работеле една осумчасовна смена наутро , потоа одмарале неколку часа и повторно доаѓале на работа приквечер за втора смена. Платата за оваа навистина принудна работа било минимална - помеѓу 3 и 8 евра на час. По работата до целосна исцрпеност многу од работниците едноставно не можат да застанат на нозете , постојано страдале од замор. Често пати , сепак се случувало и обратно - да нема работа за нив , бидејќи  биле принудувани да си останат во собите . Дури креветите понекогаш им биле проектирани на смени - во еден кревет се вртат да спијат по двајца . Се случувало дури и нивните работни смени да се утврдуваат, не од страна на работодавачот , туку од возачите на автобусите кои ги превезуваат до работното место. Не секогаш добивале лекарска помош кога им е потребно. Понекогаш дури и не им дозволувале да отстапат од работа , за да посетат лекар на пример по повреда на работното место. Практикантите лекари и ординации пак одбивале да ги прифатат работниците , бидејќи нивното здравствено осигурување , обично направени во нивните земји, не ги покриваат трошоците за медицински услуги во Германија . Независно од сето тоа речиси никој не се жалел , се констатира во извештајот. Наемниците од Источна Европа се плашеле да не ја изгубат својата работа , а на сето озгора биле заплашувани и малтретирани од т.н "набљудувачи " . Тие им се заканувале не само нив , но и на нивните семејства и синдикалците во бродоградилиштето . Во извештајот се наведува и конкретен случај , при кој наемник бил напуштен на станицата во Олденбург - престојувал таму цела недела без пари и без покрив над главата. Авторите на извештајот утврдуваат и уште нешто : наемниците имале писмени инструкции да ја кријат вистината за своите договори за време на проверките на властите. Извор Дојче Веле

Можеби ќе ве интересира

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа

ЛАВРОВ: Русија ќе ја поддржи воената акција на Иран против Израел

ЛАВРОВ: Русија ќе ја поддржи воената акција на Иран против Израел

(ВИДЕО) СЕ ТЕПАА ГРУЗИСКИ ПРАТЕНИЦИ: Законот за странски агенти создаде раскол

(ВИДЕО) СЕ ТЕПАА ГРУЗИСКИ ПРАТЕНИЦИ: Законот за странски агенти создаде раскол

МАКРОН, ШОЛЦ И КАМЕРОН СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Го повикаа Израел да не ги ескалира односите со Иран

МАКРОН, ШОЛЦ И КАМЕРОН СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Го повикаа Израел да не ги ескалира односите со Иран