Бугарите повторно покренаа тендер за гасовод од Турција до Србија: Понуди за Турски тек до 6 март!
Објавено во: Балкан 01 Март, 2019
Бугарската државна фирма „Булгартрансгас“ повторно покренува тендер вреден 1,4 милијарди евра за гасовод кој ќе поминува низ таа земја од границата со Турција до Србија.
Од таа компанија е соопштено дека понудите за изградба на 484 киломтери гасовод кој воглавно ќе донесува руски гас до границата со Србија ќе бидат примени до 6 март, јави АП.
Минатата година Бугарија усвои нова енергетска стратегија која вклучува план за гасовод кој би можел да биде поврзан со Турскиот тек на Газпром, чии два гасоводи се дизајнирани да пренесуваат 15,7 милијарди кубни метри гас преку Црното море.
Тоа би можело да значи заобиколување на Украина и доведување гас до Европа, што досега беше традиционална гасна рута кон западот.
Енергетски прашања ќе бидат разгледувани следната недела во текот на посетата на рускиот премиер Димитриј Медведев.