Бугарската црква по 20 години отстапи свој имот за да направи добро дело
Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2019
Бугарската православна црква на државата и препушти два свои плаца во Софија за да се изградат на истите две основни училишта и една детска градинка.
Релативно новите две населби „Витоша ВЕЦ - Симеоново“ и „Манастирски ливади - исток“ немаат свои училишта и градинки, а имале голема потреба од нив.
Самиот предлог лани го дал патријархот Неофит, а таква одлука на БПЦ не се случила во последните 20 години во Бугарија.
- Веднаш ќе му порачаме на главниот архитект да го спроведе проектот. Станува збор за густонасеени квартови и жителите сакаат нивните деца да учат и да растат во близина - рече градоначалникот Јорданка Фандјакова.