Бугарската гранична полиција не им дозволи влез на осум Шпанци
Објавено во: Балкан 29 Јули, 2021
Осуммина шпански државјани се вратени од Бугарија поради коронавирусот.
Бугарската гранична полиција вчера не им дозволи влез во земјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие пристигнаа на аеродромот во Софија, но не им беше дозволено да влезат во Бугарија, затоа што Шпанија е во „црвената“ ковид зона. Тие ќе бидат вратени во Шпанија. Шпанците патувале на фестивал во Србија и транзитирале низ Бугарија. За петмина од нив, српските власти гарантираа дека ќе ги изнесат од Бугарија, обезбедувајќи им превоз за да стигнат до фестивалот. На аеродромот во Софија има простории кои се специјално наменети за такви патници, каде им се обезбедува храна и вода.