19 Април, 2024
0.0292

ШТО Е ПРИЧИНАТА: Бугарски лекари порачуваат да не се патува во Македонија

Објавено во: Балкан 16 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во првите три месеци од годината се зголемил бројот на случаи на мали сипаници во земјава, но и во светот.

Светската здравствена организација објави податоци во кои се наведува дека за 300 % се зголемени морбилите на глобално ниво, во споредба со истиот период минатата година.

"Иако овие податоци се условни и нецелосни, тие покажуваат зголемување. Во многу земји постојат епидемии на болеста. Во многу региони има значително зголемување на жртвите", соопшти здравствената организација. Од СЗО истакнуваат дека реалните случаи на зараза го надминуваат бројот на пријавените, што значи дека раните предвидувања за 2019 година се сериозноста на жариштата на мали сипаници.

Во нашата земја расте бројот на заболени. На клиниката за инфектологија во моментов има 54 хоспитализирани лица и 15 бебиња кои се задржани на Клиниката за детски болести, од кои три од децата се со потешка клиничка слика.

И во соседството растат бројките, последната информација за Бугарија е дека има околу 100 нови случаи на заразени со болеста, од кои третина од нив всушност не се вакцинирани или делумно вакцинирани лица. Исто така според медицинските лица во соседна Бугарија заразените лица се воделе како вакцинирани, но по дополнителните испитувања се покажало дека само 1 дете од заразените лица со морбили покажало антитела во организмот.

 Директорот на центарот за заразни и паразитски болести  во Бугарија д-р Тодор Кантарџиев ги предупредува семејствата со мали деца особено оние кои се невакцинирани да не ги носат децата во земји каде што има морбили. Посебно во Македонија каде што има и прогласена епидемија од ситни сипаници во главниот град, и каде се очекува прогласување на епидемијата на морбили за целата територија. Бидејќи болеста е лесно „увозна“ за Бугарија, пренесува бугарскиот медиум БНТ.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот