25 Април, 2024
0.0267

Бугарски медиуми: Северна Македонија гледа со добро око на можноста да инвестира во „Белене“

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Комисијата за енергетска регулација Марко Бислимовски ја поддржува идејата Македонија да се вклучи во изградбата на нуклеарната централа "Белене", пишува МИА, пренесуваат и бугарските медиуми. 

Бислимовски посочува дека земјата има јаглен за 15 години и дури потоа тие ќе бидат заменети со природен гас, Македонија ќе остане зависна од увозот. 

„Идејата да се инвестира во нуклеарна централа во соседна Бугарија е добар начин да обезбедиме во иднина базна енергија која ќе го замени производството на струја од ТЕЦ“, кажал Бислимовски.

„Верувам дека инвестицијата во нуклеарната централа „Белене“ во Бугарија е добар проект за Македонија. Се разбира, владата и други инвеститори треба да преговараат за условите под кои треба да се изгради. Во принцип моето лично мислење е дека треба да влеземе во такви регионални проекти, и да го земеме предвид енергетскиот потенцијал што го имаме како земја“ , истакна претседателот на македонскиот енергетски регулатор. 

Според него треба да се инвестира во најмалку 500 мегавати од нуклеарната централа "Белене". Засега идејата е во "Белене" да има два блока, секој со моќност по 1200 мегавати. По оценка на Бислимовски, 500 мегавати ќе ги заменат количествата струја, кои се произведуваат од ТЕЦ крај Битола. Вториот обезбедува најголем дел од основната енергија на нашиот сосед. Позицијата на Бислимовски не е само негово мислење. Се покажа дека Скопје официјално разговарало дали да влезе во проектот. "Владата сериозно размислува за предложените варијанти во јавната покана, со цел да се обезбеди енергетска независност и стабилност. Има почетен интерес за учество во овој проект и во моментов се прават детални анализи. По детална анализа јавноста ќе биде информирана за ставот и преземените чекори", изјавија официјални лица во Скопје.

Проектот "Белене" датира уште од комунистичко време, а за време на првата влада на Бојко Борисов беше запрен, а сега, во времето на неговата трета влада повторно е рестартиран. Дотука е декларирано дека "Белене" треба да се прави на пазарен принцип, без државни гаранции и да не е поскап од 10,5 милијарди евра, но во анализата на БАН има доста сериозни прашалници од логичка гледна точка. На крајот на летото во 2018 година излезе извештај на НЕК, во кој е запишано директно стравување дека сметката за наплата на влезните параметри во "Белене" не излегува во одредени параметри. А уште пред 3 години стана јасно кои се конкретните имиња, под истрага за "Белене", следеше обвинение за двајца поранешни директори на НЕК, а кон нив на крајот на 2016 година се приклучија и поранешни министри - Петар Димитров и Делјан Добрев. Поради игрите околу дополнителните договори, Бугарија беше осудена од Русија да плати 620 милиони евра за потребните реактори за "Белене" .

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија