Бугарски медиуми: Заев им се извини на Бугарите

Објавено во: Македонија 10 Август, 2018
Обраќањето на Зоран Заев на Фејсбук бугарските медиуми го протолкуваа како извинување до бугарската јавност за коментарот на 4 август за 1ТВ дека „Илинденското востание е македонско востание“
„Гледам во пријателска Бугарија се отвори јавна дебата и се постави дури и прашањето за тоа дали ние двете земји и двата народи градиме ИСКРЕНО пријателство и соработка.
Сакам да им порачам на сите граѓани, дури и на критичарите во Македонија и во Бугарија, да немаат дилема дека пријателството и соработката се искрени.
Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство“, напиша меѓудругото Заев.
Според 24 Часа, Заев со тоа сакал да му се извини на бугарскиот народ и да покаже дека претхoдните коментари му биле погрешни.и направени од невнимание.
Овој статус на премиерот следува откако премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, изјави дека „Се што кажал Заев, оди на негова сметка“
Можеби ќе ве интересира
Азманов: Луѓе од Финансиска полиција му давале документи на Боки 13 да ме рекетира

Коневски му порача на Мицковски дека ќе мора да даде оставка ако ВМРО ДПМНЕ доживее пораз

Дали заштитната ограда ги уби 15 патници на „Дурмо турс“ кај Ласкарци?

Замрзнати наставните програми на министерката Дескоска

Ги уби ли заштитната ограда 15 патници во автобусот на „Дурмо“?

ПО ГОДИНА ПОМИНАТА ВО БОРБА СО РАКОТ: Ивана и Ману Торес ќе истражуваат една африканска земја

Заев и Ахмети денеска договараат заеднички кандидат за шеф на државата

Министерот Филипче и во операциона сала ангажиран за состојбата на повредените

Груевски со интервју за српски Пинк: Политичкиот прогон е срам за Македонија
