19 Април, 2024
0.4110

БУГАРСКИ ПАТ НА СМРТТА: Многу кривини со спуштања и искачувања, имало чести несреќи на делницата, но надлежните не реагирале - БЛИЦ АНАЛИЗА

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Страшната трагедија што се случи во Бугарија, кога автобус од Северна Македонија се запали и загинаа 46 лица, е една од многуте несреќи што се случија на истиот дел од автопатот, пишува Блиц.рс.

Како можни причини за несреќата на автобусот со северномакедонски регистерски таблички во Бугарија, директорот на бугарската полиција Борислав Сарафов ја наведе „грешката на возачот или сè уште неутврдената техничка неисправност“ на возилото.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков изјави дека е пробиена заштитната ограда на автопатот и дека пожарот во автобусот најверојатно избувнал како последица на допир на возилото со оградата.

Автобусот возел повеќе од 100 километри на час и не покажувал ни милиметар кочење, што значи дека возачот не реагирал адекватно, изјави за БТВ Васко Пиргов, секретар за обезбедување на Перник. Тој посочи дека несреќата е „апсолутно резултат на човечка грешка“.

Официјални лица и експерти велат дека властите веќе биле предупредени за потенцијални опасности на оваа рута на автопатот Софија-Благоевград, во близина на Боснек, 31-ви километар од Софија.

Градоначалникот на Перник Станислав Владимиров рече дека на оваа делница често се случуваат несреќи.

На овој дел од автопатот, меѓу другото, се случи тешка сообраќајна несреќа во 1996 година, во која загинаа 16 лица.

Многу падини и свиоци

Бугарскиот сообраќаен експерт и претседател на Сојузот на возачи за авто-мото обука, Јонко Иванов, ја коментираше трагедијата на автопатот Струма, каде во запален автобус загинаа најмалку 46 лица. Тој појасни дека на патот на кој се случила несреќата има многу свиоци со спуштања и искачувања, а максималната брзина е 120 километри на час.

На овие стрмни падини се активира сопирачката на возилото, тоа е одговорност на возачот. Ниските заштитни огради не треба да постојат на вакви ризични делници од патот“, изјави тој за Бугарија он ер.

„Должност на оние кои го одржуваат патот е да постават дополнителни знаци за намалување на брзината. Во случај на слаб дожд, коловозот станува лизгав, а гумите немаат добар стисок. Во случај на несоодветна брзина и несмасност на возачот, возилото не може да се вози“, рече Иванов, пренесува Новости.

Иванов посочи дека имало удар во заштитната ограда десно од автобусот и речиси фронтален удар на линијата на поделба. Според него, зачудувачки е што немало слика за состојбата од 2 до 08 часот, а изненаден е што нема сведоци на несреќата.

„Состојба на патот, возило или возач - еден од овие три фактори или нивна комбинација доведоа до трагедијата. Во автобусот треба да има двајца возачи. Дали имаа време за одмор? Во Бугарија влегле во 22 часот и долго патувале“, рече тој.

Извор.Блиц.рс

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?