Бугарски пратеник рече дека Русија е агресор и ќе ја изгуби војната, по што го исфрлија од партијата
Објавено во: Балкан 09 Декември, 2022
Пратеникот од БСП Јавор Божанков зборуваше против Русија, по што партијата веднаш го исклучи. Се договориле да гласаат против испраќањето на оружје за Украина, но Божанков се спротивставил.
Бугарската социјалистичка партија го исклучи пратеникот од својата пратеничка група поради неговиот различен став по прашањето за испраќање воена помош за Украина. Тој ја бранеше тезата дека Русија е агресор и дека нема да победи во оваа војна. Претседателката на партијата Корнелија Нинова изјави дека во нивната пратеничка група има луѓе со различни мислења, спомнувајќи го Божанков по име, но додаде дека се важни колективните политички одлуки. Пратеничката група го повика Божанков да го напушти парламентот и да го ослободи местото за следниот на листата. Доколку одбие да го направи тоа, ќе стане првиот независен пратеник во сегашното собрание.
Бугарија конечно одлучи да испрати воена помош за Украина со одлука на парламентот. За оваа одлука гласа 148 пратеници од ГЕРБ, Продолжуваме со промената, ДПС, Демократска Бугарија и „Бугарски подем, против беа 46 пратеници од БСП и Преродба, а еден од Продолжуваме со промената беше воздржан.