23 Април, 2024
0.0275

БУГАРСКИОТ ИНЖЕНЕР ЖИЈАНСКИ: Два фактора довеле до несреќата, едниот е недостатокот на осветлување на автопатот

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Кои се причините за трагедијата и дали има вина за несреќата и самиот пат, на темата за Нова.тв Бугарија коментираа патниот експерт и проектант инж. Владимир Жијански, Красимир Георгиев од Здружението за квалификација на возачи во Бугарија и претседателот на бугарското гранско здружение „Безбедност на патиштата“ Николај Иванов.

„Во оваа фаза, тешко е да се каже што ја предизвика оваа трагедија, но најверојатно ќе биде повеќе од една. Има сплет причини - од невниманието не само од нашата држава, туку и од целата ситуација во однос на безбедноста на патиштата, обуката на возачите, испитите и се друго“, рече Красимир Георгиев.

„Доколку на местото на несреќата има јасно, правилно поставено и во согласност со бугарските и европските стандарди означување со стрелки за насочување, возачот веројатно нема да погреши дека најдесната лента продолжува надесно“, додаде тој.

Кои се најтешките автобуски несреќи во последните години во Бугарија?

Според инж. Владимир Жијански, има два фактори кои довеле до трагедијата. „Едниот е недостатокот на магистралното осветлување на автопатот. Ова е национален проблем. Втората причина е т.н ‚Еластична ограда'. Докажано е дека е штетно. Ова е причината за трагедијата во Своге. Тогаш загинаа 20 луѓе, а сега се 45. Причината е иста“, коментира тој. Жијански е дециден дека треба да се изврши ревизија на целата патна мрежа.

„Сите ние треба да научиме како да избегнеме вакви инциденти. Пред сè, безбедноста на инфраструктурата мора да биде врвен приоритет. Покрај тоа, мора да има планирање и финансирање. Одржувањето на патиштата е главниот фактор за безбедноста“, посочи Николај Иванов.

Извор: Нова тв Бугарија

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...