Бугарскиот претседател Радев ќе го додели мандатот на ГЕРБ следната недела
Објавено во: Балкан 19 Април, 2017
Претседателот на соседна Бугарија Румен Радев најави во првиот ден на Народното собрание, дека ќе го додели следната недела мандатот за формирање влада.
Тој изрази надеж дека во почетокот на мај владата ќе биде факт. Според него сегашното Народно собрание треба да одлучи каква држава ќе биде Бугарија во однос на обезбедување на националната безбедност.
„Дали ќе продолжиме да бидеме држава која ќе биде понесена од странско влијание или ќе има закон кој ќе стави бариера на тоа влијание. Ние треба да решиме дали навистина ќе бидеме држава, која нема да дозволи регистрирање на етнички партии. Ќе бидеме ли држава која ќе се грижи за своите вери така што ќе ги штити, ќе и помага за веронауката или ќе бидеме држава која ќе дозволи цело финансиско обезбедување на нашите верски заедници да се обезбедува однадвор. Ако бугарската држава одлучи да преземе обезбедување еве на сите верски заедници во државата, вклучувајќи плати и издршка, ќе треба да плати помеѓу 15 и 17 милиони лева. Нека владата и НС проценат дали вреди Бугарија да ги дава овие пари“, истакна претседателот. Во однос на референдумот во Турција, тој изјави дека го почитува правото на секој народ, вклучувајќи го и турскиот, да го избира сам своето уставно уредување.
„Немешање во странските дела е најголем залог за добрососедски односи. Точно е дека има сигнали, постојат процеси во Турција, кои не загрижуваат, но прашањето е ние како ќе погледнеме сами на нашата сопствена безбедност“, додаде Радев.
„Со овој кабинет сум должен да работам и ќе работам со него. Се надевам дека ќе работиме во одговор на очекувањата на бугарскиот народ како и за бугарскиот интерес. Бугарија има потреба од стабилност“, категоричен беше претседателот.