19 Април, 2024
0.0287

БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ ТВРДАТ ДЕКА ЗАЕВ ПРЕДЛОЖИЛ ПЕТ ВАРИЈАНТИ ЗА КОМПРОМИС - Владата демантира, велат, разговаравме за можности

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Откако вчера бугарскиот технички премиер Стефан Јанев објави дека македонската делегација до нив доставила конкретен предлог за решавање на проблемот, бугарските медиуми денеска излегоа со тврдења дека нашиот премиер Зоран Заев предложил пет варијанти за компромис. 

Весникот „24 часа“, повикувајќи се на владини извори, пишува дека имало и формулација за јазичниот спор, која гласела дека „Бугарите и Македонците“ зборуваат на ист јазик, но меѓународно признат како два различни.

Се предвидувала и декларација дека двата народа се братски. Заев, наводно, ветил и промена на македонскиот Устав, во кој ќе ги стави и Бугарите како народ. Наводно, ветил и отворање на досиејата од времето на Студената војна, за да се разјаснат, според нив, репресиите на кои биле подложени Бугарите во некогашната југословенска република Македонија”.

Се договарале и одмори на македонски ученици во Бугарија и бесплатни одмори на бугарски ученици во наши хотели.

Весникот „Труд“ пишува дека Заев условувал со предложување на патна мапа. Овој медиум соопшти дека „На средбата со Јанев, Заев ветил дека доколку Бугарија ги поддржи почетокот на преговорите со Северна Македонија во Брисел на 22 јуни, ќе направи компромис за историски прашања и ќе го забрза проектот за железницата Гуешево – Скопје“. Медиумите во соседната држава понатаму известуваат дека е нејасно продолжувањето на работата на заедничката комисија. Копретседавачот на комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров, за медиумите во Софија изјави дека вчера ова прашање не беше многу третирано бидејќи не беше постигнат напредок во Комисијата.

Од Владата на овие тврдења на бугарските медиуми стигна демант. 

„За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија за што добра основа е португалскиот предлог. Решенијата мора да водат грижа за двете страни односно да ги адресираат прашањата кои се важни и за МК и за БГ. Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е дијалог, а сега еве и дијалогот е повторно на маса. Оттука, не се точни шпекулациите за наводни формулации за решенија кои се споделуваат низ дел од медиумите“, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне